Ж.И. кој бил главен инспектор во Сектор за внатрешни работи – Скопје, е суспендиран и доби кривична пријава од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР.

Полицијата го обвинува дека сторил злоупотреба на службената положба и овластувања, односно при увид за тешка кражба во куќа, украл златен накит.

Како што извести МВР, инспекторот бил уапсен и предаден на јавен обвинител. Исто така, внатрешната контрола води дисциплинска постапка против него и го суспендирала од работното место.