fbpx

Унгарија треба да биде избркана од ЕУ, смета шефот на луксембуршката дипломатија

-

Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн, повика членството на Унгарија во Европската Унија да биде привремено суспендирано, па дури и земјата да биде избркана од Унијата, поради „масовните прекршувања“ на фундаменталните вредности на ЕУ, пренесува „Би-би-си“.

Тој ја критикувал владата во Будимпешта за нејзиниот третман на бегалците, независноста на судството и за слободата на печатот.

Аселборн во интервјуто за германскиот весник „Велт“ вели дека „Унгарија не е далеку од давање наредба за пукање врз бегалците“, додавајќи дека станува збор за несериозна земја.

– Европската Унија не треба да го толерира таквото несоодветно однесување и секоја земја што ги крши темелните вредности на Унијата треба да биде исклучена привремено, па дури и засекогаш – изјавил Аселборн.

Тој додал дека тоа е единствениот начин да се заштитат кохезијата и вредностите на ЕУ.

На неговите изјави веднаш возвратил шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, кој изјавил дека неговиот луксембуршки колега „одамна ги напуштил нивото на политичар кој треба да се сфаќа сериозно“ и дека е „арогантен и фрустриран“.

Инаку, лидерите на ЕУ в петок треба да имаат состанок во Словачка, на кој тема, според најавите, ќе биде иднината на Унијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Во деновите пред изборите ќе има редовна настава, информира МОН

Деновите пред гласањето на претстојните избори, 23 април и 7 мај, ќе бидат работни за сите училишта. Притоа, во училиштата во кои ќе се одвива изборниот процес, наставата ќе...