Шпанија в сабота ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија

-

Шпанската влада денеска соопшти дека в сабота ќе одржи вонредна седница и ќе ја почне постапката за укинување на автономијата на Каталонија.

Владата на Народната партија на десниот центар, која е на власт од 2011 година, в сабота ќе одржи вонреден состанок на министрите, по кој би требало до шпанскиот парламент да испрати предлог-мерки од членот 155 на шпанскиот устав, кои ѝ овозможуваат да употреби присила во спроведувањето на законите во Каталонија, пренесува ХРТ.

Конкретните мерки кои Мадрид има намера да ги спроведе во Каталонија, која е една од 17-те автономни региони во Шпанија, засега не се наведени.

Членот 155 од шпанскиот устав досега никогаш не е користен, а владата во Мадрид реши да го активира откако процени дека каталонската владата не се откажува од независноста на Каталонија.

Соопштението на шпанската влада доаѓа откако каталонскиот претседател, Карлес Пучдемон, не го задоволи ултиматумот на шпанскиот премиер Маријано Рахој, да се откаже од барањето за независност. Наместо тоа, Пучдемон во писмото го предупреди Рахој дека Каталонија ќе прогласи целосна независност од Шпанија, доколку Мадрид продолжи да се заканува со суспензија на автономијата.

Кризата во односите меѓу Барселона и Мадрид избувна по референдумот за независност на Каталонија, што се одржа на 1 октомври, кој уставниот суд на Шпанија претходно го забрани.

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има 3 нови...

Македонија ќе бара да увезува 18 типови неопасен отпад од ЕУ, најмногу метали, но и масло, хартија и стакло

Македонија ќе бара да увезува осумнаесет типови на отпад, деклариран на листата на неопасен отпад од земји од Европската Унија. Метали и отпад од обоени и необоени метали, калај, железо, цинк,...

Самитот за вештачка интелигенција оддржан во Париз привлече светски лидери и директори кои се залагаат за едноставна регулација

Светските лидери и технолошките извршни директори денес се собраа во Париз за да дискутираат како безбедно да ја прифатат вештачката интелигенција во време на зголемен отпор кон регулативите, кои бизнисите ги...

Индиската полиција прекина уличен настап на Eд Ширан во Бенгалуру

Индиската полиција го пречила настапот на познатиот пејач Ед Ширан, на улица во Индија, во моментот кога на тротоар го пее неговиот хит „Shape of you“ пред насобрана публика во јужниот...

Девет месеци откако се појави проблем со компресорската станица на Клинички, пуштена во употреба новата инсталација

Девет месеци откако се појави проблемот со компримираниот воздух во Клиничкиот центар, денерска е пуштена во употреба нова компресорска станица. Како што изјави министерот за здравство Арбен Таравари, има...