fbpx

Дисциплинска постапка за тројца јавни обвинители, Вилма Русковска е суспендирана

-

Во согласност со членот 93 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија денеска поднесе предлог за поведување дисциплинска постапка за утврдување одговорност на тројца јавни обвинители, за кои постои сомнение дека намерно и неоправдано направиле крупна професионална грешка со што сториле тешка дисциплинска повреда од член 91 алинеа 6 од Законот за јавното обвинителство, информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО).

„Во исто време, врз основа на член 81 од Законот за јавното обвинителство, Јавниот обвинител на Република Северна Македонија донесе Решение за оддалечување од функцијата за еден јавен обвинител додека трае кривичната постапка поведена по поднесена кривична пријава против наведениот обвинител“, се наведува во соопштението од ОЈО.

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Русковска е обвинителката која што добила решение за суспензија, пишува А1.он. Вилма Русковска за овој медиум потврдила дека го добила решението за оддалечување од функцијата што ја врши додека трае кривичната постапка. Покрај Русковска, медиумот пишува дека двете други обвинителkи за кои е покрената дисциплинска постапка се Ивана Трајчева и Елизабета Јосифовска.

Инаку, по закон јавниот обвинител Љубомир Јовески има право да донесе одлука за оддалечување на обвинител од вршењето на обвинителската функција, доколку обвинителот намерно или неоправдано направи крупна професионална грешка. Постапката за утврдување одговорност е поради направениот претрес во Финансиската полиција.

По ова, директорот на Управата за Финансиска полиција, Арафат Муареми поднесе претставка во обвинителството за извршен незаконски претрес во Финансиската полиција. Републичкото јавно обвинителство надлежно за надзор над Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција направи увид во предметот и изработи извештај во кој констатираше дека има неправилности при постапувањето во предметот за Финансиската полиција.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

СЕММ ги награди најдобрите стории на тема „Факти и дезинформации за човековата околина“

Видео-сторијата за илегалната сеча на шумите на Јабланица, долж границата со Албанија е првонаградениот новинарски труд на повикот на Советот за етика во медиумите на Македонија на тема „Факти...