fbpx

Две години суспензија за Шарапова поради позитивниот тест за допинг

-

Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за натпреварување поради позитивниот тест за допинг што го имаше на „Австралија опен“, соопшти Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ).

ИТФ ја одреди казната за Русинката, која беше позитивна на супстанцата „мелдониум“, која од 1 јануари 2016 година е на списокот забранети супстанци.

Лекот се користи за срцеви заболувања, но помага за проширување на крвните садови, а со тоа и подобрува одредени физички способности, Шарапова го користи подолг период, од 2006 година, по препорака на доктор, меѓутоа тоа не го навела во пресрет на тестот за допинг.

ИТФ истакна дека суспензијата од две години ќе се смета од 26 јануари 2016 година, денот кога било откриено дека Шарапова е позитивна на „мелдониум“.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со автоматска пушка влегол во казино во Лешок и украл над 300.000 денари

Наредба за истражна постапка против 28-годишен жител на селото Непроштено, Општина Теарце, кој е осомничен за разбојништво и поседување автоматска пушка, донесе Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Тетово. Во...