сабота, 11 април, 2026
Meta.mk

Ознака: тенис | 27 резултати

Ѓоковиќ ќе биде депортиран од Австралија и нема да игра на Австралија опен

јануари 16, 2022

Федералниот суд ја одби жалбата на српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ за да остане во земјата и да игра на Австралија опен. Тој ќе мора да биде депортиран од Австралија, а пресудата на главниот судија Џејмс Алсоп дојде по едногласна одлука на тројцата судии кои расправаа за случајот во Мелбурн на 16 јануари, јавува Би-би-си. Ѓоковиќ […]

Во Белград молк и исчекување: „Ноле ни е поважен од претседателот“

јануари 14, 2022

Во српската престолнина Белград сите очи се вперени во телевизиските екрани кои ги пренесуваат судските сесии за жалбата на Новак Ѓоковиќ по одлуката на министерот за имиграција Алекс Хок по втор пат да му ја укине австралиската виза на 34-годишниот рекет број еден. Молк владее и во ресторанот Ноле 1 во Нов Белград каде екипата […]

Вистиномер: Зошто руската Спутник вакцина уште не е признаена во Австралија?

јануари 10, 2022

Во пресрет на тенискиот турнир Австралија Опен, стана јасно дека некои од тенисерите вакцинирани со две дози Спутник вакцина, од рускиот производител Гамалеја Истражувачки Институт, нема да може да учествуваат на турнирот, затоа што оваа вакцина Австралија не ја признава, пишува „Вистиномер“ во својата проверка. Текстот на „Вистиномер“ подолу го пренесуваме во целост: Русинката Наталија […]

Историски пласман на Калин Ивановски во осмина финалето на јуниорскиот турнир на Вимблдон

јули 9, 2021

Македонскиот тенисер Калин Ивановски, денеска ќе настапи во осминафиналето на јуниорскиот турнир на Вимблдон. Ивановски ќе игра со Британецот Џек Пинингтон Џоунс кој е на 1.195 место на ранг-листата, додека Калин е на 1.654. Пласманот на Ивановски на осмина финалето на Вимблдон е историски.

Лажна Фејсбук-страница на познатиот тенисер Новак Ѓоковиќ нуди „награди“ и краде лични податоци

октомври 19, 2020

Во рамките на својата програма за борба против дезинформациите и лажните вести, што на Балканот многу лесно ги минуваат границите и бргу осамнуваат во медиумите на друга држава и понекогаш и на друг јазик, „Мета.мк“ редовно пренесува што е актуелно кај сродните сервиси за проверка на фактите и борба против дезинформациите во регионот, но и […]

Тенисерот Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга позитивни на корона вирусот

јуни 23, 2020

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга се позитивни на корона вирусот, додека неговите деца добиле негативен тест од ковид-19. Новак и семенјството заминале во Белград за да се тестираат од корона вирус веднаш по објавата дека случаи на заболени се регистрирани на ревијалниот тениски турнир „Адриа тура“ во хрватскиот град Задар. Инаку, Новак Ѓоковиќ […]

Две години суспензија за Шарапова поради позитивниот тест за допинг

јуни 8, 2016

Руската тенисерка Марија Шарапова доби двегодишна суспензија за натпреварување поради позитивниот тест за допинг што го имаше на „Австралија опен“, соопшти Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ). ИТФ ја одреди казната за Русинката, која беше позитивна на супстанцата „мелдониум“, која од 1 јануари 2016 година е на списокот забранети супстанци. Лекот се користи за срцеви заболувања, но помага […]

Дипломатски тениски турнир во Скопје

мај 8, 2016

По повод Денот на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, 29 април, и Денот на Европа, 9 мај, денеска ќе се одржи дипломатски тениски турнир на терените на тенискиот клуб „Југ“ во Скопје. На турнирот, кој го организира МНР, во соработка со Тениската федерација на Македонија ќе учествуваат претставници од дипломатско-конзуларните претставништва и од […]

„Би-Би-Си“: Местени тениски натпревари, дури и на „Вимблдон“

јануари 18, 2016

Британскиот јавен сервис „Би-Би-Си“ денеска објави дека поседува документи кои докажуваат местење на најголемите тениски турнири, вклучувајќи го и „Вимблдон“. – Во последните 10 години за местење се осомничени 16 тенисери кои биле меѓу 50 најдобри во светот. Сите продолжија со тенисот, а некои од нив се и гренслем-шампиони. Документите што ги добивме покажуваат дека во Русија, […]

Борис Бекер тврди дека Ѓоковиќ и Федерер не се мирисаат

јуни 9, 2015

Шесткратниот гренслем-шампион, Борис Бекер, отворено призна дека првиот и вториот светски рекет, Новак Ѓоковиќ и Рожер Федерер „не се мирисаат“, но оти тоа вешто го кријат, пренесе „Дерби“. Според него, во денешниот тенис има премногу политичка коректност, што е лошо за оваа игра бидејќи играчите не можат да ги покажат своите чувства, анимозитетот кон другите […]

Осминафинале на „Ролан Гарос“

мај 30, 2015

На Отвореното првенство на Франција во тенис денеска на програмата се мечевите од осминафиналето. Двојките кај мажите се: Чилиќ – Мајер, Мареј – Киргиос, Ѓоковиќ – Кокинакис, Гофин – Шарди, Сок – Ќориќ, Болели – Ферер, Гаске – Андерсон и Кузњецов – Надал. За место во четвртфиналето кај тенисерките ќе се борат: Квитова – Бегу, […]

Ѓоковиќ го помина Надал на вечната листа

април 13, 2015

Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ, денеска ја почнува 142. седмица на врвот на АТП-листата. Со тоа го помина Шпанецот Рафаел Надал, кој остана 141 седмица на првото место на АТП. На прво место на листата е Рожер Федерер со поминати 302 седмици на првото место, по него е Пит Сампрас со 286 седмици, на […]

Вердаско го исфрли Надал во третото коло од турнирот во Мајами

март 30, 2015

Шпанскиот тенисер Фернандо Вердаско го совлада сонародникот Рафаел Надал со 6-4, 2-6, 6-3 во третото коло од АТП-турнирот во Мајами. Тоа е втора по ред победа на Вердаско над третиот тенисер во светот откако Надал излезе како победник во претходните 13 меѓусебни двобои. Вердаско беше подобар во Мадрид во 2012 година. – Ова е огромна […]

Ферер го освои Рио, Надал падна на четврто место на АТП-листата

февруари 23, 2015

Шпанскиот тенисер Давид Ферер триумфираше на АТП-турнирот во Рио де Жанеиро, откако во финалето го совлада италијанецот Фабио Фоњини за еден час и 23 минути. Шанецот осмиот триумф против Фоњини го славеше со победа од 6:2 во првиот и од 6:3 во вториот сет. Ферер со освојувањето на овој турнир доби 500 АТП-поени и 343.000 американски долари. На […]

Шарапова и Серена Вилијамс во финалето на „Австралија опен“

јануари 29, 2015

Руската тенисерка Марија Шарапова ќе се сретне со Серена Вилијамс на финалето на Австралиското отворено првенство. Шарапова се пласираше во финалето откако ја победи Екатерина Макарова, со 6:3 и со 6:2 по сетови. Серена Вилијамс во полуфиналниот дуел со Медисон Кејс славеше со 7:6 и со 6:2. Во финалето, кое ќе се игра в сабота, […]

Ѓоковиќ во полуфинале на „Австралија опен“

јануари 28, 2015

Спрскиот тенисер Новак Ѓоковиќ го совлада Милош Раониќ со три добиени сетови, 7:5, 6:3 и 6:2, и обезбеди полуфинале на Австралиското отворено првенство. Во полуфиналето тој ќе се сретне со бранителот на титулата, Станислас Вавринка. Вавринка го совлада Јапонецот Кеи Нишикори со 6:3, 6:4 и 7:6 по сетови. Втори полуфиналисти се Томаш Бердих и Енди […]

Ѓоковиќ се пласираше во третото коло на „Австралија опен“

јануари 22, 2015

Тенисерот Новак Ѓоковиќ, откако го совлада Андреј Кузњецов од Русија со 6-0, 6-1, 6-4, се пласира во третото коло на Отвореното првенство на Австралија. Во следната рунда тој ќе се сретне со Шпанецот Фернандо Вердаско, кој во три сета беше подобар од Јапонецот Соеда. Место во третото коло од фаворитите обезбедија и Фелисијано Лопез, Кеи […]

Карловиќ го елиминира Ѓоковиќ на турнирот во Доха

јануари 8, 2015

Светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ е елиминиран во четвртфиналето на тенискиот турнир во Доха, откако денеска загуби од хрватот Иво Карловиќ со 2-1 во сетови. Ѓоковиќ, кој беше фаворит за освојување на прехарот во Доха, го доби првиот сет со 6-7, но Карловиќ, благодарение на одличниот сервис, успеа да се врати во продолжението и […]

Федерер ја освои 996. победа

јануари 8, 2015

Рожер Федерер се соочи со неочекувани проблеми во својот прв официјален меч во 2015 година, откако со многу мака стигна до триумф над квалификантот Џон Милман во второто коло од турнирот во Бризбејн. Швајцарскиот ас сепак успеа да стигне до победа од 4-6, 6-4, 6-3, што е вкупно 996. триумф во неговата блескава кариера, пренесе […]

Ѓоковиќ се откажа од финалето во Абу Даби

јануари 3, 2015

Поради настинка и зголемена телесна температура, најдобриот тенисер на светот за 2014 година, Новак Ѓоковиќ, нема да го одигра финалниот натпревар на егзибицискиот турнир во Абу Даби. Тој требаше да се сретне со  Шкотланѓанецот Енди Мареј. Ѓоковиќ не сака ништо да ризикува пред првиот Гренд слем сезонава, „Австралија опен“, кој ќе се игра од 19 јануари до […]

Страна 1 од 2