fbpx

Бизнисменот Кочан треба веднаш да се јави во затвор, жалбата за одложување му е одбиена

-

Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје ја одби жалбата на бизнисменот Сеад Кочан како неоснована и го потврди решението на судијата за извршување санкции, според кое осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна.

-Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, постапувајќи по жалба изјавена против решение на судија за извршување санкции со кое се одбива барањето за одлагање на извршување на затворската казна на еден од правосилно осудените лица во предметот со К.бр. 1459/17 од обвинителството означен како „Труст“, по добивање на целокупната документација поврзана со жалбата, на 26.07.2019 година одржа нејавна седница – се вели во соопштението од Судот.

Во него се додава дека „по разгледување и ценење на жалбата, Советот донел решение со кое жалбата ја одбил како неоснована и го потврдил решението на судијата за извршување санкции, според кое, осуденото лице е должно веднаш да се јави на издржување на затворската казна, а одлуката на советот е писмено изработена и експедирана до странките.“

Бизнисменот Кочан е осуден на казна затвор од четири години и осум месеци, во врска со случајот „Труст“ кој се однесува на добивање тендер од ЕЛЕМ во вредност од 17 милиони евра.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...