fbpx

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

-

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда.

Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето.

Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото и за кршење на правилата и обичаите на војувањето, по што неговите адвокати поднесоа жалба и побараа второстепена постапка, односно ослободителна пресуда или повторно судење.

Жалбениот совет ги одби сите барања.

Пресудата за геноцид и воени злосторства првенствено се однесуваше на масакрот на повеќе од 8.000 мажи во Сребреница во 1995 година. Во второстепената пресуда, исто така беше отфрлено негирањето на Караџиќ дека имал злосторничка намера за заеднички злосторнички постапки за случајот со повеќегодишно тероризирање на Сараево и за киднапирање на припадници на Обединети нации.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...