недела, 8 февруари, 2026
Meta.mk

Ознака: Хашки трибунал | 15 резултати

Радован Караџиќ осуден на доживотен затвор, жалбата му беше неуспешна

20 март 2019

Хашкиот суд за воени злосторства во поранешна Југославија денеска на доживотен затвор го осуди поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ, потврдувајќи ја првостепената пресуда. Караџиќ при изрекувањето на пресудата беше мирен, без каква било експресија на лицето. Тој во 2016 година беше осуден на 40 години затвор, како виновен за геноцид, злосторства против човештвото […]

Церемонија за затворање на Хашкиот трибунал во воени злосторства во поранешна Југославија

21 декември 2017

Со церемонија во Хаг, денеска ќе се одбележи згаснувањето на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, познат и како Хашки трибунал, кој ќе престане да работи на крајот на годинава. На церемонијата ќе присуствуваат официјални претставници од неколку поранешни југословенски републики, чии државјани во текот на изминатите 24 години се процесуирани во Судот. […]

Адвокатката на Праљак не знае како тој дошол до отровот

30 ноември 2017

Адвокатката на поранешниот хрватски генерал Слободан Праљак, кој вчера си го одзеде животот пиејќи отров за време на изрекувањето на второстепената одлука во Хашкиот трибунал, денеска за ХРТ изјави дека не знае како нејзиниот клиент дошол до отровот и како и го внел во судницата. Таа изјави и дека не видела кога тој го испил отровот. Адвокатката Ника […]

Хашкиот трибунал издаде налог за апсење на тројца функционари на партијата на Шешељ

31 март 2017

Хашкиот трибунал утрово соопшти дека на негово барање Интерпол распишал црвени потерници со кои се бара пронаоѓање и апсење на функционерите на Српската радикална странка, Петар Јојиќ, Вјерица Радета и Стево Остојиќ. Трибуналот ги товари тројцата функционери дека влијаеле на сведоци во процесот против нивниот партиски шеф, Воислав Шешељ. Тие, според Хашкиот трибунал, со закани, […]

Раководствата на Србија и на Република Српска сложно против Изетбеговиќ

22 февруари 2017

Барањето од Бакир Изетбеговиќ е акт на омраза на муслиманите во Сараево кон Србија и има цел да се укине Република Српска, порача денеска претседателот на Република Српска, Милорад Додик, по средбата во Белград што тој и претседавачот на Претседателството на БИХ, Младен Иваниќ, ја имаа со претседателот и со премиерот на Србија, Томислав Николиќ […]

Вучиќ: Зад барањето за ревизија на пресудата за Сребреница не стои добра намера

20 февруари 2017

Премиерот на Србија, Александар Вучиќ, денеска изјави дека зад неодамнешното барање за ревизија на пресудата на Меѓународниот суд за правда во Хаг по тужбата на Босна и Херцеговина против Србија за геноцид, „не стои добра намера“ и најави дека најдоцна до среда за тоа ќе разговара со претставниците на власта и на опозицијата во Република […]

Анте Готовина назначен за советник на хрватскиот министер за одбрана

17 ноември 2016

Поранешниот генерал на хрватската војска, Анте Готовина, е назначен за советник на министерот за одбрана на Хрватска, Дамир Крстичевиќ, пренесува балканскиот сервис на „Радио Слободна Европа“. Ваквата одлука ја донела Владата на Хрватска на седница одржана во Вуковар, а неа ја потврдил и министерот Крстичевиќ на својот фејсбук-профил. „Мило ми е што мојот голем пријател […]

Хашкото обвинителство го одби барањето на адвокатите на Младиќ

3 август 2016

Обвинителството на Меѓународниот суд за воени злосторства во поранешна Југославија, денеска побара барањето на адвокатите на поранешниот воен лидер на босанските Срби, Ратко Младиќ, за прекин на постапката што се води против него пред Хашкиот трибунал да се одбие. Образложението на обвинителството е дека нема основа за запирање на постапката против Младиќ и дека барањето […]

Стејт департментот ја поздрави пресудата на Хашкиот трибунал за Караџиќ

24 март 2016

Американскиот Стејт департмент ја поздрави пресудата на Хашкиот трибунал со која денеска Радован Караџиќ беше прогласен за виновен за геноцидот во Сребреница и за опсадата на Сараево и му се досуди 40 години затвор. – Првостепената пресуда, со која Караџиќ е осуден на 40 години и е прогласен за виновен за Сребреница и за злосторство […]

Караџиќ осуден на 40 години затвор поради геноцидот во Сребреница

24 март 2016

Хашкиот трибунал го прогласи Радован Караџиќ за виновен за геноцидот во Сребреница и за опсадата на Сараево и му досуди 40 години затвор. Како што наведе судот, поранешниот претседател на Република Српска сноси индивидуална одговорност за злосторствата против човештвото, убиства и за кршење на закони, како и на правилата на војување во седум општини. Исто […]

Уапсена Флоренс Хартман

24 март 2016

Поранешната портпаролка на Хашкиот суд, Флоренс Хартман, е уапсена во пресрет на пресудата на Радован Караџиќ. Харман беше портпаролка на Карла дел Понте, а осудена е поради тоа што во својата книга „Мир и казна“ напишала дека судот прифатил да цензурира делови што би можеле да воспостават врска меѓу режимот на Милошевиќ и масакрот во Сребреница. […]

Страна 1 од 1