fbpx

Емил Димитриев: Ако нема избори, да се врати политичката влада

-

Мандатот на оваа влада е за организирање избори, ако нема избори, во тој случај се доведува во прашање целисходноста на нејзиното функционирање и престанува потребата и основната функција на оваа влада и треба да се врати политичката влада што беше со полн легитимитет од граѓаните, напиша на „Фејбук“ техничкиот премир за организирање на избори, Емил Димитриев.

„Техничката влада на подолг временски рок е неодржливо решение, не само во поглед на квалитетот на нејзиниот легитимитет, кој природно е да извира од граѓаните, туку и во поглед на спроведувањето на политиките. Актуелната техничка влада е со ограничени перформанси, што е сериозен хендикеп во поглед на спроведувањето на политиките, реформите и на мерките значајни за државата и очекувани од граѓаните, нo и во поглед на извршувањето на нејзината основна функција за организирање на претстојните избори, имајќи го предвид самиот факт што дел од актуелните министри што доаѓаат од опозицијата имаат нарушени човечки и професионални односи со преостанатите, видливи и поинакви приоритети, но и тоа што позицијата евидентно ја користат за исполнување на партиски агенди и директиви. Истовремено, тоа резултира и со поднесување на повеќе кривични пријави, што, секако, ги отежнува околностите под кои функционира оваа Влада“, стои во статусот.

Инаку, денеска, вкупно 26 пратеника ја потпишаа иницијативата на ДУИ да се повлeче одлуката за распуштање на Собранието.

Потписи на иницијативата ставиле пратениците од ДУИ и од ДПА, како и пратеничката од ДОМ, Лилјана Поповска.

Како што информираше Артан Груби, шеф на кабинетот на Али Ахмети, иницијативата ќе биде поднесена кога 62 пратеника ќе потврдат дека ќе гласаат за да се одложи распуштањето на Собранието.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...