fbpx

Партиите побарале одложување, оцената за условите за избори – утре

-

Делегацијата на Европската унија (ЕУ) и на амбасадата на Соединетите Американски Држави (САД) во Македонија утре ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети условите за одржување на предвремените парламентарни избори.

Како што соопштуваат од амбасадите, одложувањето е на барање на политичките партии, потписнички на Договорот од Пржино.

Неофицијално дознаваме од извори блиски до преговарачките тимови дека одложувањето било на барање на ВМРО-ДПМНЕ.

Засега не се знае дали политичките партии ќе се обидат до утре да најдат компромисно решение за законот за медиуми.

До овој момент сè уште не е закажана средба на работните групи околу преговорите за медиумите.

Завчерашната средба на работните групи заврши без успех, а, како што рече белгискиот посредник, Питер Ванхауте, тоа ќе има влијание на конечната оцена на ЕУ и на САД.

Амбасадорите на ЕУ и на САД, Аиво Орав и Џес Бејли, на крајот на јануари по средбата со техничкиот премиер Емил Димитриев, соопштија дека на 19 февруари ќе биде дадена оцена за тоа дали се исполнети условите за одржување на фер и веродостојни избори на 24 април.

Исто така, беше најавена посета на еврокомесарот Јоханес Хан за средината на овој месец, но засега нема информации кога и дали таа посета воопшто ќе се случи.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...