fbpx

МВР вчера издало потврди на вкупно 799 мигранти

-

Министерството за внатрешни работи, во текот на вчерашниот ден издало потврди за искажана намера за барање азил на вкупно 799 мигранти. Според државјанството, најголем број потврди им се издадени на лица со потекло од Авганистан, вкупно 476, потоа 234 на државјани на Сирија и 89 на лица од Ирак.

Од 1 јануари, заклучно со вчерашниот ден, според податоците на МВР, низ земјава поминале вкупно 83.987 миграти, на кои им биле издадени вакви документи.

Како што информираат од МВР, вчера до Секторот за азил не биле поднесени нови барања за признавање на правото на азил. Од почетокот на годината досега, да останат во земјава побарале вкупно 10 мигранти, од кои седум се авганистански, а тројца сириски државјани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Грузиската полиција со водени топови и солзавец ги разби демонстрантите против законот за „странски агенти“

Грузиските безбедносни сили употребија водени топови, солзавец и шок-бомби против демонстрантите пред парламентот доцна во вторникот, остро ескалирајќи ја репресијата откако пратениците дебатираа за нацрт-законот за „странски агенти“, кој...