fbpx

Спасовски до Димитриев: Со самовластието и со хаосот ја продлабочувате политичката криза

-

Одлуката на Владата за укинување на решенијата донесени од Министерството за внатрешни работи во периодот од 11 ноември минатата година до 7 април годинава е донесена во нелегитмина постапка, надвор од законите и од деловникот за работа на владата, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во отвореното писмо до техничкиот премиер Емил Димитриев.

Спасовски истакнува дека информацијата по која Владата донела одлука била поднесена без негово знаење, како министер, и дека непримерно било искористено неговото остуство на седницата одржана на 7 април.

„Спротивно на Законот за организација и работа на органите на државната управа, член 47, став 1, „со работата на министерствата раководи министерот“, и член 48, став 3, „заменикот во соработка со министерот врши работи од надлежност на министерот што тој ќе му ги довери“, информацијата беше процесуирана до Владата во нелегитимна постапка, спротивно на законските и на деловничките одредби, од лице кое без мое овластување како министер за внатрешни работи ја поднесува на дневен ред на седницата на Влада, непримерно искористувајќи го моето отсуство. Несериозноста на пристапот, кој најмалку ѝ доликува на Владата на Република Македонија, е неспорен особено зашто наведената информација не ја исполни деловничката одредба за разгледување на документите на седница на работните тела на Владата… Дополнително, Владата не ја испочитува и деловничката обврска свое мислење за фискалните импликации од усвојувањето на оваа информација да даде и Министерството за финансии“, стои во писмото.

Спасовски тврди дека одлуките што ги донела Владата не спаѓаат во нејзина надлежност и не може да постапува по нив, туку за нив е предвидена постапка во Управниот суд.

„Укажувам дека за 126 решенија поништени со оваа незаконска одлука веќе е почната постапка пред Управниот суд на Република Македонија, со тужби од страна на дополнителниот заменик-министер. Уште повеќе, за некои решенија за распоредување, тужбите од дополнителниот заменик-министер Митко Чавков од Управниот суд беа отфрлени, како беспредметни. Со незаконската одлука со која се поништија овие решенија, Владата изврши скандалозен упад во правниот систем на Република Македонија и формално се постави над правниот поредок, преземајќи надлежности што законски се регулирани во судскиот институционален систем“, вели министерот за внатрешни работи.

Тој во писмото до Димитриев додава дека со незаконските одлуки предизвикал ситуации кои „многу негативно ќе се одразат на нормалното функционирање на Министерството за внатрешни работи“.

„Со ова не само што ќе предизвика хаос во правниот систем на Република Македонија, дисфункционалност во Министерството за внатрешни работи, туку и конкретни егзистенцијални проблеми на вработените во министерството. Исто така, како уште еден еклатантен пример на практицирање на самовластие и на непочитување на Уставот и на законите, го наведувам фактот што намерно и свесно ја дезавуиравте улогата на Собранието и мојата јасно изразена волја за повлекување од функцијата… На 6 април, Ви доставив оставка од функцијата министер за внатрешни работи, која Вие не ја доставивте до Собранието и свесно спречивте истата да биде констатирана“, вели Спасовски.

На крајот на писмото, Спасовски вели дека Димитриев бил избран за премиер за да организира фер и демократски избори, но наместо тоа тој уште повеќе ја продлабочил политичката криза.

„Вашата одговорност беше да покажете политичка подготвеност и демократски капацитет за Република Македонија да излезе од политичката криза што настана поради скандалозните злоупотреби на службената должност од носители на функции од партијата ВМРО-ДПМНЕ. Со ваквите постапки на несфатливо непочитување на Уставот и на законите, Вие уште повеќе ја продлабочивте политичката криза, правејќи уште еден удар врз и онака дискредитираните институции и компромитираниот судски систем на Република Македонија. Со овој чин неспорно го суспендиравте Договорот од Пржино, направивте сканадалозен упад во правниот систем на државата и создадовте услови за предизвикување хаос во еден исклучително важен и чувствителен државен орган, како што е министерството за внатрешни работи.
Иако ова не ме прави среќен, сепак сакам да Ви укажам дека одговорноста за сето ова, за последиците од овие незаконски постапки и акти, ќе биде исклучиво Ваша“, стои во писмото на Спасовски до Димитриев.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...