fbpx

ЕУ и САД попладнево ќе ја соопштат оцената за условите за избори

-

Претставници на Евроската унија (ЕУ) и амбасадорот на Соединетите Американски Држави во земјава, Џес Бејли попладнево ќе ја соопштат оцената за тоа дали се исполнети сите услови за одржување на превремените парламентарни избори на 24 април, велат од амбасадите на ЕУ и САД.

Оттаму нема информација кога точно тоа ќе се случи (во 14.30 или еден час подоцна) и каде дали пред Владата или пред Клубот на пратениците.

Нема ни извесни информации дали дипломатите документот со конечната оцена ќе му го предадат на техничкиот премиер Емил Димитриев.

Првично, оцената требаше да биде соопштена вчера, но, како што информираа од амбасадите, било направено одложување на барање на партиите потписнички на Договорот од Пржино.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Украинската одбрана соборила 84 руски воздушни цели

Ноќеска Русија изврши уште еден масовен воздушен напад врз украински објекти за гориво и енергија, соопшти украинската одбрана. Непријателот ја нападнал Украина со 60 беспилотни летала Шахед и 39 проектили...