fbpx

Димитриев: За една година невработеноста е намалена за три проценти

-

За само една година невработеноста е намалена за три проценти и се отворени повеќе од 20.000 работни места на ниво на држава, изјави техничкиот премиер, Емил Димитриев, при посетата на Агенцијата за вработување на Република Македонија.

– Ова е голем успех за сите институции кои се вложија во реализацијата. Намалувањето на невработеноста е резултат на повеќе реализирани мерки и политики на Владата. Повеќе институции беа вклучени во оваа активност, но најзаслужна е Агенцијата за вработување – рече Димитриев, кој на средбата им честитал на раководителите на одделенијата за вработување за вложениот труд.

На средбата со премиерот за спроведување на изборите присуствуваа заменик-министерот за труд и социјална политика, Диме Спасов, директорот на Агенцијата за вработување, Влатко Поповски, и раководители на подрачните единици на АВРМ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...