fbpx

Концесионерот на рудниците Злетово и Тораница треба да се знае на 16 март

-

Премиерот за спроведување на изборите, Емил Димитриев, денеска ги информираше вработените во рудниците Злетово и Тораница дека Владата објавила повик за концесија на минералните суровини, кој треба да заврши на 14 март, а на 16 март ќе следи јавна аукција за избор на компанија што ќе ги добие на концесија минералните суровини.

– Владата донесе одлука со која го презема одржувањето, бидејќи во ситуација кога немаме концесионер имаме правна основа, но уште повеќе и обврска да се грижиме за одржување на рудниците до нивната продажба и добивање нов сопственик. Владата на последната седница донесе одлука за финансирање на одржувањето со 60.000 евра во денарска противвредност сметано од декември 2015 до јули 2016 година, а тоа е еден период кој треба да се совпадне со периодот на наоѓање нов инвеститор и рестарт на истите – изјави Димитриев.

Тој е оптимист дека ќе има заинтересираност од компаниите во овој период, ќе подигнат тендерска документација и ќе аплицираат на јавната аукција на средина на март.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Распишан конкурс за наградата „23 Октомври“

Одборот за доделување на државната награда „23 Октомври“, распиша конкурс за доделување на државната наградата за 2024 година. „Со државната награда се оддава највисоко признание за долгогодишни остварувања во областа...