fbpx

МВР ќе формира девет работни групи кои ќе ѝ асистираат на ДИК

-

Една работна група на државно и осум работни групи на локално ниво ќе формира Министерството за внатрешни работи (МВР), кои ќе одговараат на барањата на Државната изборна комисија (ДИК) во врска со предвремените парламентарни избори закажни за 5 јуни. Ова денеска го соопшти техничкиот премиер, Емил Димитриев, по средбата со членовите на ДИК.

– Заклучивме сите ресори, особено МВР бидејќи ќе биде најмногу ангажирано во проверката на избирачкиот список, да формираат една работна група на државно ниво и осум на локално ниво. Овие работни групи ќе ги формираат министерот и дополнителниот заменик-министер, кои еднаш дневно ќе одговараат на сите барања на ДИК. Истото тоа ќе важи и за другите институции, од кои ќе има потреба ДИК за определни податоци. Од она што го чув, јас сум оптимист дека ќе се постигнат сите дејства во предвидените рокови и ќе има фер и веродостојни избори на 5 јуни – рече Димитриев.

На средбата со членовите на ДИК учествуваа и министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, заменик-министерот за внатрешни работи, Замри Ќамили, заменик-министерката за правда, Билјана Бришкоска-Бошковски и претставник од Управата за водење матични книги.

Премиерот Димитриев, исто така, изјави дека сите шпекулации околу избирачкиот список се вештачки пласирани и дека сето она што се јавува како дилема во јавноста, ДИК и институциите ќе го проверат во кратки рокови и таа дилема ќе биде расчистена.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Дебар Маало го прослави роденденот на Горан Стефановски

Во чест на роденденот најпознатиот македонски драматург, во Дебар Маало денеска повторно се слушаше гласот на Горан Стефановски преку неговите аудио драми кои ги пушташе платформата „Самоглас“. На настанот организиран...