Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

-

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1.

„Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје 1 – Скопје, постапувајќи по предлог на Обвинителството за гонење кривични дела поврзани и кои произлегуваат од незаконското следење на комуникациите за определување мерка притвор за осомничениот Г.Г., поднесен во судот во текот на вчерашниот ден, по денешното сослушување на осомничениот кој самиот се јави во судот, а во присуство на негов бранител и обвинител од наведеното обвинителство, донесе одлука со која го прифати предлогот на обвинителството за определување на мерка 30 дневен притвор“, стои во соопштението на судот.

Оттаму додаваат дека на одлуката на судијата на претходна постапка страните во случајот имаат право на жалба во рок од 24 часа.

Грујовски доцна вечерва со лисици на рацете беше изнесен од судот и внесен во полициско возило.

Распитот на Грујовски во судот, кој почна попладнево, траеше цели осум часа.

Специјалното јавно обвинителство го товари началникот во УБК и уште четворица осомничени, меѓу кои и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска дека минатата година ги уништиле системите за незаконско прислушување со што предизвикале штета од 10 милиони евра.

Вчера судија на претходна постапка не го одобри барањето на СЈО и не издаде налог за претрес на домот на Грујовски.

Судот во образложението на одлуката наведе дека во барањето на СЈО не бил даден прецизен опис на предметите кои треба да бидат одземени и ја оспори надлежноста на специјалното обвинителство за овој случај.

Обвинителката на СЈО, Ленче Ристовска ваквата одлука ја окарактеризира како преседан, посочувајќи дека досега во правосудната пракса не се случило судија на претходна постапка да одбие барање за претрес.

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го прави истото,...

Иран ќе започне да ги обновува oбјектите оштетени во израелските напади

Иранските власти соопштија дека ќе започнат со обнова на домовите и објектите оштетени во израелските напади, пренесува „Гардијан“.  Тие ќе ги обновуваат станбените области и јавната инфраструктура, кои беа оштетени во израелските...

Работилница во Подгорица: Дезинформациите привлекуваат кликови, но фактите градат доверба

Поминавме долг пат од економијата на пари, преку економијата на информации, потоа до економијата на внимание, па се до економијата на емоции. Денес имаме економија на доверба. Клучната промена е што...

Усвоен акциски план при топлотен бран: Да се реорганизираат работните процеси за вработените изложени на сонце

Владата денеска ја усвои Информацијата за спроведување на мерки согласно фаза 3 од акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението 2025 – 2030. „Се задолжуваат сите...

Израел изјави дека ќе го почитува примирјето со Иран „сè додека другата страна го прави тоа“

Бенјамин Нетанјаху изјави дека Израел во 12-дневната војна со Иран ја отстранил „заканата од нуклеарно уништување“ и дека ќе го почитува примирјето со Иран сè додека другата страна го...