Протекувањето на снимките ја избркале ДУИ од Владата

-

Демократската унија за интеграција издаде подолго соопштение во кое ја дообјаснува синоќешната одлука за напуштање на Владата. Во соопштението акцентот е ставен на снимките од разговори на високи функционери на партијата кои протекоа во јавноста и на одговорноста за нивната дистрибуција.

„Од почетокот на политичката криза во земјата, ДУИ одигра конструктивна улога со цел да се врати стабилноста и безбедноста во земјата. ДУИ, исто така работеше со голема посветеност во спроведувањето на структурни реформи што произлегоа од Договорот од Пржино и основањето на Специјалното обвинителство со јасно дефиниран мандат за гонење на делата кои произлегуваат од прислушуваните материјали“, се вели во соопштението.

Од партијата со жалење констатираат дека овој процес веќе е компромитиран, како резултат на производство на илјадници нелегално набавени прислушкувани материјали, а потоа и нивна дистрибуција во рацете на криминалци со цел да се злоупотребат во нивните фабрики.

„Нашиот чекор е резулат на институционална парализа и пасивноста на надлежните служби со што се попречуваат нашите напори за заеднички систем на контрола на ваквите дејствија. Затоа овој чекор е продолжување на нашите напори за демократија и систем на социјални и политички реформи. ДУИ ги осудува овие снимки и тврди дека се целосно невистинити, монтирани. Со тоа ги покануваме граѓаните да не станат жртва на криминалци“, стои во соопштението.

ДУИ бара институциите, особено Министерството за внатрешни работи и Јавното обвинителство да преземат итни мерки за да ги уапси како што се вели во соопштението фалсификаторите, дистрибутерите и издавачите на монтираните разговори.

Преку соопштението ДУИ ги повика и специјалниот обвинител веднаш да се вклучат во истрагата на овој сериозен криминал, кој како што велат има за цел да се загрозат јавни личности и да влијае на работата на оваа институција, која има правна одговорност кон прислушуваните разговори, кои се веќе на пазарот и тие се обработуваат на црниот пазар насекаде во регионот.

„ДУИ не е причината за кризата, но е гласот на разумот и промотор на државата и сега е жртва на девалвација и процесот на компромис. И затоа одлучи да ги повлече своите актуелни членови на извршната власт и нема да толерира процесот на дегенерација, повреда на суверена пресуда, инсталација во андерграунд сцена, а исто така ги повикува граѓаните да не им веруваат на монтираните снимки чија цел е да му се наштети на процесот на реформи“, пишува во соопштението на ДУИ.

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше прегазена со...

Во Лисиче во јануари чист воздух се дишело само два дена

Екстремно високи вредности на ПМ 10 и ПМ 2,5 во воздухот и исклучително нездрава средина за живеење беа карактеристика и за овој месец јануари. Скопје постојано беше високо на листата на...

Осуммина осомничени за престрелката во Чаир во која загина едно лице, по тројца од нив сè уште се трага

Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за спроведување истражна постапка против шест лица поради учество во дејствија на кривични дела убиство и обид за убиство при престрелката која се случи ноќта...

Со концертни настапи се отвори новото медиумско јадро за независната музичка сцена – Стереолаб

Пред стотици поддржувачи на независната музичка сцена и со куси концертни настапи на неколкуте музички бендови, и на веќе докажани музичари и диџеи се отвори новото онлајн радио и медиумското јадро...

Денеска нов протестен марш за Фросина Кулакова: Организаторите ќе излезат со конкретни барања

Иницијативата „Кој е следен?“ соопшти дека денеска ќе организира нов протестен марш кој ќе започне во 16:30 часот на местото каде пред три седмици младата дизајнерка Фросина Кулакова беше...