fbpx

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

-

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите.

Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи Гордана Јанкулоска која се товари дека уништила опрема вредна 10 милиони евра.

Опремата била однесена во отпад и пресувана, а потоа чувана и набљудувана. Од таму остатоците биле транспортирани во друг отпад ги пресувале по втор пат, по што пак ги однеле на првиот отпад.

Како што објавија медиумите Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање.

СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата одбил ваквото барање. Исто така е одбиено и барањето за притвор на осомничениот.

Засега, како што дознаваме Грујоски не е достапен за СЈО, а полицијата трага по него.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...