fbpx
Таг: началници

таг: началници

По смената на Чулев, во МВР вратени старите функции на 14 раководни лица

Откако викендов Агим Нухиу го презеде министерското столче во Министерството за внатрешни работи од техничкиот министер Наќе Чулев, во согласност со законските одредби за функционирање на техничката влада од денеска повторно се вратени на старите раководни функции 14 раководни лица на исто толку организациони единици во министерството, кои беа на овие позиции и пред формирањето на техничката влада, информираат...

Спасовски: До сега се сменети 11 началници во МВР, можно е да се сменат уште четворица

Досега во Министерството за внатрешни работи се сменети 11 началници, а останува можност за промена уште на четворица, одговори денеска министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на новинарско прашање за последните кадровски смени во МВР, на промоцијата на полициски службеници во Идризово. Спасовски информираше дека добил информација оти четири до пет лица на битни позиции во МВР биле во исто време...

МВР ги разреши актерите од провокацијата кај амбасадата на САД и од случајот „Трезор“

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, разреши 11 раководители во повеќе сектори на МВР. Високи извори од МВР за „Мета“ потврдуваат дека некои од нив се разрешени поради инцидентот со вежбата на „алфите“ во близина на Амбасадата на САД во Скопје и поради истрагата на Специјалното јавно обвинителство „Трезор“. Помеѓу разрешените е и Небојша Стајковиќ, за кој медиумите објавија дека е еден...

Чавков испрати телеграма до БЈБ и до УБК за враќање на разрешените началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, денеска испратил телеграма до директорите на Бирото за јавна безбедност и до Управата за безбедност и контраразузнавање, како и до повеќе оддели во МВР, со која ги информирал дека се должни веднаш да ја вратат воспоставената претходна состојба каква што била пред донесувањето на решенијата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски. „Се...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“ на СЈО ги направиле за да се ослободат од двата системи за прислушување вредни 10...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите. Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни  работи...

ДИК ги отфрли претставките на Митко Чавков

Како неповрзани со изборите, Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли претставките на заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски. Трите одлуки се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на...

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите. Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид,...

Чавков: Спасовски незаконски ги смени петте началници

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поднел тужба до Управниот суд поради одлуката на министерот Оливер Спасовски за смена на началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Битола, Охрид и во Куманово. Ова, како што пренесува порталот „Курир“, денеска во изјава за медиумите го соопштил заменик-министерот Чавков. Изјавата на Чавков претходно не беше официјално најавена, ниту, пак, имаше...

Началниците во МВР ќе имаат „врзан потпис“

Законите што вчера ги договорија политичките партии, в понеделник треба да се изгласаат во Собранието. Веднаш потоа, избраните министри и заменици од СДСМ ќе стапат на новите функции, брифираат од СДСМ. Според нашите извори, министрите ќе имаат надлежности според постојните закони. Спасовски, како министер за внатрешни работи, ќе има моќ да менува кадри во својот ресор, но со еден услов: за секој сменет началник,...

Кадровски промени во СВР Тетово

Неваир Шабани е новиот началник на Секторот за внатрешни работи Тетово, а досегашниот, Фаредин Зенуни, замина на друга должност во Министерството за внатрешни работи. Кадровски промени се извршени и во други сектори во тетовската полиција. Началник на одделението за криминалистичка полиција е Берат Мустафи, кој на ова место го замени Муазам Халили. Нов командир на полициската станица за безбедност на...

ОБСЕ/ОДИХР: Одредени портали се создаваат само за да добиваат државни пари за изборите

Изборите во Македонија беа добро организирани, но имаше остра реторика, а недостига и регулација во сферата на онлајн порталите. Ова е генерално оценката на набљудувачите на ОБСЕ/ОДИХР и на...