ДИК ги отфрли претставките на Митко Чавков

Како неповрзани со изборите, Државната изборна комисија (ДИК) ги отфрли претставките на заменик-министерот за внатрешни работи, Митко Чавков, за трите одлуки за именување началници донесени од страна на министерот Оливер Спасовски.

Трите одлуки се однесуваат на именувањето на Примислав Димовски за нов шеф на единицата „Алфи“, именувањето на Бранко Ракиќ за началник на единицата за патен сообраќај и именувањето на Тони Ангеловски за началник на одделението за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Чавков и Спасовски вчера биле повикани на состанок во ДИК, при што комисијата проценила дека ниедна од трите одлуки на Спасовски не е поврзана со изборите.