fbpx

Началниците во МВР ќе имаат „врзан потпис“

-

Законите што вчера ги договорија политичките партии, в понеделник треба да се изгласаат во Собранието. Веднаш потоа, избраните министри и заменици од СДСМ ќе стапат на новите функции, брифираат од СДСМ.

Според нашите извори, министрите ќе имаат надлежности според постојните закони. Спасовски, како министер за внатрешни работи, ќе има моќ да менува кадри во својот ресор, но со еден услов: за секој сменет началник, ќе биде поставен нов, кој ќе има свој заменик предложен од владејачката партија, ВМРО-ДПМНЕ. Овие сектори ќе функционираат со „врзан потпис“ од двајцата началници, односно на секој документ ќе мора да се потпишат и двајцата.

Актуелните заменици-министри ќе останат на своите позиции. Новите заменици ќе имаат право на вето, но само за прашања што ќе се однесуваат на изборите. Овие функции треба да се преземат на почетокот од следната недела.

Анкетната комисија, пак, велат нашите извори, ќе биде составена од 16 члена, осум ќе предложи ВМРО-ДПМНЕ, четири на предлог на СДСМ, два на предлог на ДУИ, еден предложен од ДПА и еден независен.

Претседателот и заменик-претседателот ќе бидат од СДСМ. Партиите се договориле составот на оваа комисија да се определи според деловникот за работа на Собранието.

Договорено е ова тело да ги испитува и евентуалните криминални дела што произлегуваат од разговорите.

Седниците на комисијата ќе бидат јавни, освен за прашања од личен карактер. Првиот извештај ќе биде финализиран до крајот на јануари, иако претходно беше договорено тоа да се случи во ноември годинава.

Што се однесува до „бомбите“, СДСМ ќе може да ги користи и во изборна кампања. Партиите се согласиле за законско решение што нема да ги опфати веќе објавените разговори. Објавувањето прислушувани материјали ќе биде регулирано со закон за заштита на приватноста. Овој закон нема да ги третира материјалите што претставуваат јавен интерес и ќе се однесува на прислушувањето спроведено меѓу 2008 и 2015 година. Со него ќе бидат опфатени само приватни разговори за да се заштити приватноста на личен и на семеен живот.

Тој што употребил уред за неовластено да прислушува туѓ разговор ќе биде казнет со една до пет години затворска казна. Доколку медиум објави приватен разговор на прислушувано лице, за кој нема јавен интерес, ќе се казни со парична казна предвидена во Законот за прекршоци. Нема да има казни за новинарите. Законот предвидува парична казна и за операторите кои овозможуваат неовластено прислушување, а казната ќе биде во висина од 10 отсто од профитот на компанијата.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Норвешка донираше 76 неборбени моторни возила за Северна Македонија

Донација составена од седумдесет и шест моторни возила од Кралството Норвешка, официјално беше предадена на Армијата на Република Северна Македонија на пригодна церемонија која се одржа во касарната Илинден...