fbpx

Управниот суд привремено ги поништил и решенијата на Спасовски за разрешување началници

-

Управниот суд донел одлука да ја прифати тужбата на дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, и привремено да ги стави надвор од сила сите 29 решенија што министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, ги донесе пред Нова година, пренесуваат медиумите.

Дел од решенијата кои се привремено поништени се однесуваат на разрешување началници на секторите за внатрешни работи во Скопје, Битола, Охрид, Куманово и во Велес.

Привремената мерка се однесува и на решенија со кои Спасовски именуваше нови началници, како и на тие со кои беа унапредени 17 вработени во Министерството за внатрешни работи.

Привремената мерка ќе биде на сила до донесувањето на конечната одлука од Управниот суд по тужбата.

Пред два дена, Управниот суд соопшти дека се привремено поништени и решенијата за разрешување директори на центри за социјални работи и на јавни установи на министерката за труд и социјална политика, Фросина Ременски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Израел ја бомбардира Сирија, има над 40 жртви

Израел го бомбардираше регионот околу градот Алепо во Северна Сирија, пренесува Гардијан. Израелските сили таргетирале членови на либанската паравоена организација Хезболах. Има повеќе различни контрадикторни информации за бројот на убиени,...