fbpx

Чавков: Спасовски незаконски ги смени петте началници

-

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Чавков, поднел тужба до Управниот суд поради одлуката на министерот Оливер Спасовски за смена на началниците на секторите за внатрешни работи во Скопје, Велес, Битола, Охрид и во Куманово.

Ова, како што пренесува порталот „Курир“, денеска во изјава за медиумите го соопштил заменик-министерот Чавков.

Изјавата на Чавков претходно не беше официјално најавена, ниту, пак, имаше некакво известување или покана од Министерството за внатрешни работи.

Според порталот, Чавков изјавил дека Спасовски без никаква постапка и образложение, спротивно на законите, демонстрирал политичко насилство врз професионалците во МВР и незаконски разрешил петмина началници.

„Врз основа на член 48, став 3 од Законот за Влада, поднесов тужба до Управниот суд на Република Македонија со предлог за привремена мерка. Оливер Спасовски флагрантно ги прекрши законите за внатрешни работи и за полиција, согласно кои се постапува во вакви случаи. Исто така, во крајно незаконска и нетранспарентна постапка, Оливер Спасовски именуваше нови началници“, изјавил Чавков.

Поради ова, рекол Чавков, било побарано од судот да донесе решение за привремена мерка со која се запираат прераспоредувањата и пресуда за поништување на решенијата на Спасовски.

„Незаконските распоредувања и разрешувања предизвикуваат опасност за уредно, целосно и безбедно извршување на законските надлежности на Министерството поради тоа што се разрешени началници и на нивни места поставени други лица надвор од класификацијата регулирана со закон. Таквото постапување е сторено во услови на зголемени безбедносни ризици поради мигранти од други држави, зголемена фреквенција на настани и луѓе поради празници, перманентна безбедносна закана од терористички напади и друго“, изјавил Чавков, додавајќи дека министерот Спасовски од друга страна „крајно нетранспаретно и спротивно на Законот за внатрешни работи унапредил 11 лица“, меѓу кои сопругот на актуелната министерка за труд и социјална политика, Фросина Ташевска-Ременски, и лице осудено со првостепена пресуда на три години затвор во случајот „Шпион“.

Министерот Спасовски вчера на прес-конференција изјави дека смената на петте началници ја направил поради сериозни пропусти констатирани во овие сектори, а ги наведе упадот на полицијата во УКИМ, нерешените случаи со нападнати новинари и други.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Не е точно дека француски трупи пристигнале во украинскиот град Славјанск

Станува збор за некритички пренесена вест од опскурен Телеграм канал „Воена хроника“, непознат во пошироката јавност, а неговата релевантност и кредибилност се под голем знак прашалник. Оваа вест не ја...