fbpx

Новогодишна порака на Груевски: Опозицијата да не бега од народот и од изборите

-

„Во овие празнични денови, посакувајќи им и на опозициoнерите добро здравје и среќа во семејствата во претстојната 2016 година, сакам да ги повикам да не бегаат од народот и достоинствено да го потврдат своето учество на изборите и да се придржуваат кон преземените обврски, затоа што на народот му е преку глава од натегања и од конфликти. Народот од нас бара решенија за нивните секојдневни проблеми“, рече премиерот Никола Груевски во своето новогодишното обраќање.

– Изборите во април ќе бидат фер и демократски. И сите ние треба да направиме максимум тоа да биде така. Реформираниот закон за избори првпат ќе биде применет. Тој, меѓу другото, предвидува отсега, па на сите наредни парламентарни избори, премиерот, ако повторно излегува на изборите, да се повлече од функцијата во еден краток временски период пред изборите, за да се осигури дека со тоа што нема да е на извршна функција, нема да има некаква предност во добивањето на довербата на гласачите. Јас прв ја подржувам оваа реформа затоа што верувам во својот народ и не сакам да дозволам алиби кому било за да избега од соочувањето со народот – рече Груевски.

Тој во обраќањето додаде дека во однос на политичките случувања, 2015 година била многу тешка.

– Година во која се случи политичката криза, сигурно најтешката во историјата на независна Македонија, откако желбата да ја собори оваа власт, некого го натерала незаконски и криминално да организира и да снима телефонски разговори на голем број политичари и јавни личности, кои откога биле добро спакувани, во смисла едитирани, ставени во различен контекст и создадени наменски креирани материјали, со месеци беа оружје со кое се сакаше да се постигне јасна политичка цел, промена на власта во Република Македонија, и тоа на само неколку месеци претходно избрана од убедливото мнозинство граѓани на Македонија на организирани избори, кои никој друг освен нашиот политички опонент не ги прогласи за нефер или недемократски – рече Груевски.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поминаа 23 години од масакрот кај Вејце

Денеска се навршуваат 23 години од масакрот кај Вејце, кога во 2001 година, од заседа беа убиени и масакрирани осум припадници на посебната единица при СВР Битола и припадници...