недела, 15 март, 2026
Meta.mk

Ознака: УБК | 121 резултати

Новите печати ќе бидат и со новото име и според Законот за употреба на јазиците

20 февруари 2019

По налогот од Владата од пред неколку дена сите државни институции во својата работа и во различните документи да почнат да го употребуваат новото име на земјава – Република Северна Македонија, од Илинденска број 2 стаса ново задолжение – да се изработат нови печати во склад со законот за употреба на јазиците. Како што објасни […]

УБК ќе се реформира и ќе се преименува во Агенција за национална безбедност

20 февруари 2019

Владата на вчерашната седница го утврдила новиот текст на Предлог-законот за Агенција за национална безбедност, со кој ќе се овозможи реформирање на Управата за безбедност и контраразузнавање. Според новиот закон, УБК нема повеќе да биде дел од МВР, туку ќе се формира Агенција за национална безбедност. „Целта на предложениот закон е надминување на недостатоците утврдени во […]

Влада: Сите помагачи за бегството на Груевски ќе бидат изведени пред правдата

18 јануари 2019

По денешното соопштение од седум граѓански организации кои побараа политичка одговорност, односно оставки од министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов, Владата порача дека сите вклучени во бегството на Никола Груевски од земјава ќе бидат изведени пред […]

Граѓански организации побараа оставки од Спасовски и директорите на УБК и АР за бегството на Груевски

18 јануари 2019

Седум граѓански организации денеска побараа оставки да поднесат министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Николовски и директорот на Агенцијата за разузнавање (АР), Зоран Иванов. Невладините порачуваат дека тие лица мора да понесат  политичка одговорност за бегството на Никола Груевски. „Сметаме дека навршувањето на втор календарски месец […]

Со најавената реформа Спасовски му препушта дел од ингеренциите на Николовски

14 јануари 2019

Со најавената реформа на безбедносно-разунавачкиот систем во Македонија голем дел од надлежностите на министерот за внатрешни работи (во моментов  Оливер Спасовски ) преоѓаат во рацете на директорот на новоформираната Агенција за внатрешно разузнавање со чие основање ќе се укине постоењето на Управата за безбедност и контраразузнавање (сега директор е Горан Николовски). На Единствениот национален регистар на […]

Големата реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем ќе ги „поткачи“ и странците

11 декември 2018

Министерството за внатрешни работи (МВР) подготвува нови и менува повеќе постоечки закони во насока на реформирање на безбедносно-разузнавачкиот систем во Македонија. На Единствениот национален електронски регистар на прописи е објавена подготовка на повеќе прописи, а меѓу другите и на предлог за изменување на законот за странци со цел, како што се вели, усогласување со предложените […]

Поранешниот шеф на УБК, Владимир Атанасовски, доби 30 дневен притвор

5 декември 2018

Судија на претходна постапка му одреди 30 дневен притвор на поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Владимир Атанасовски по вечерашниот распит во Кривичниот суд. Атанасовски беше уапсен синоќа, пред зграда спроти МВР. Тој се товари за кривично дело „здружување заради непријателска дејност“, откако на минатите рочишта за случајот за упадот во Собранието […]

Иванов, „згрозен и злоупотребен“, негира сè и бара одговор од УБК зошто е прислушуван

16 ноември 2018

Претседателот Ѓорге Иванов денеска ги негираше и наводите од службената белешка на УБК од објавеното решение за притвор за Кирил Божиновски, исто како и во случајот со Миле Јанакиески. Од кабинетот на претседателот велат дека се „згрозени“, дека ниту е побарана, ниту одржана средба со Божиновски, ниту со негов посредник и негираат дека е остварена […]

Иванов: Лага е дека се одржала средба со посредник на Јанакиески

15 ноември 2018

Ниту е побарана, ниту одржана средба со посредник на Миле Јанакиески, како што е наведено во службената белешка на УБК, класифицирана „строго доверливо“, а која е основ за определување на мерката притвор, велат од кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, по објавата на решението на Основниот суд Скопје 1 за определување на мерка притвор за Јанакиески. […]

Во Собрание презентирани модели за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем

8 ноември 2018

Mинистерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ги презентираше моделите за реформа на безбедносно-разузнавачкиот систем пред Комисијата за одбрана и безбедност на Собранието. Појдовна точка за оваа реформа е Извештајот на експертската група на Прибе од 2015 година, каде беа дадени сериозни критики за злоупотребата на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) преку системот за […]

Меѓуресорска работна група треба да предложи модел за реформа на УБК

3 октомври 2018

На предлог на Министерството за внатрешни работи, Владата на 91. седница ја разгледа и усвои информацијата за потребата од формирање на Меѓуресорска работна група која ќе предложи модел на реформа на безбедносно – разузнавачкиот систем во Македонија со план за негово воспоставување, информираат од Владата. „Министерот за внатрешни работи во рок од три дена од добивањето […]

Спасовски: Следниот период ќе се избере моделот по кој ќе се реформира УБК

2 октомври 2018

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска на прес-конференција најави дека во следниот период ќе се избере моделот, по кој ќе се одвива реформата на УБК. – На седница на Влада денеска ќе поднесам информација, со која ќе ги образложам причините за ваквата реформа. Предвидено е МВР да одржи повеќе консултации и дебати со релеванти чинители, […]

Со сведочење на Љубе Бошкоски, денеска продолжува судењето за „Тортура“

3 септември 2018

Судењето за предметот „Тортура“ на СЈО продолжува денеска со сведочење на оштетениот Љубе Бошкоски. Во воведните зборови, обвинителот Љубомир Лапе денеска рече дека СЈО ќе докаже дека по основ на политичка определба првообвинетиот Сашо Мијалков ги навел останатите обвинетите при апсењето на Бошкоски тој душевно да страда, а сето тоа поради политичка одмазда за упатени пораки […]

Сашо Мијалков повеќе не користи полициско обезбедување

7 август 2018

На поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање – УБК, Сашо Мијалков му е укинато полициското обезбедување, јави МИА, повикувајќи се на МВР. Одлуката била донесена пред празникот, поради проценка дека повеќе не постојат безбедносни ризици. По поднесувањето на оставката во мај 2015 година, за обезбедувањето на Мијалков се грижеа шест телохранители, а на […]

Мијалков на судењето за „Трезор“ се изјасни како невин

28 јуни 2018

Поранешниот директор УБК, Сашо Мијалков, кој е обвинет во случајот „Трезор“ на СЈО на денешното рочиште во Кривичниот суд рече дека го разбрал обвинението, но дека не се чувствува виновен. -Не сум виновен – рече Мијалков во судницата, а истото го изјавија и Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски. Сите тројца рекоа дека разбрале за што […]

МВР му даде отказ на Ален Зекиров, поранешниот телохранител на Мијалков

27 јануари 2018

Ален Зекиров, поранешен телохранител на екс директорот на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков добил отказ од Министерството за внатрешни работи. Зекиров отказното решение го добил пред три дена од УБК, каде од 2015 година работи во одделот за антитероризам. Од МВР ја потврдија информацијата. „По спроведената постапка за утврдување на дисциплинска одговорност […]

Одобрено обвинението за Мијалков и за Грујевски за „Трезор“

6 декември 2017

Советот за оценка на обвинителниот акт при Кривичниот суд го одобрил обвинението за случајот „Трезор“ на Специјалното јавно обвинителство. Во случајот обвинети се поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков, поранешниот началник на петтата управа, Горан Грујевски, поранешниот шеф на кабинет на Мијалков, Тони Јакимовски, и поранешниот помошник-министер во МВР, Небојша Сајковиќ. Според СЈО, осомничените преку фирмата […]

Сигналот за прислушување ќе оди во новата агенција (ОТА), а не во УБК

27 ноември 2017

Контроверзниот член 175 од Законот за електронски комуникации станува член 60 од новиот Закон за следење на комуникациите, со новите измени што треба да го регулираат прислушувањето и да го заштитат од злоупотреби, во согласност со препораките од извештатите на експертската група на Рајнхард Прибе. Членот 175, кој беше воведен во 2014 година, ги обврза телекомуникациските оператори […]

Агенцијата за прислушување (ОТА) и законот треба да бидат готови до петок

20 ноември 2017

Новите законите за следење на комуникациите и за Оперативно-техничката агенција (ОТА), која ќе го врши следењето, треба да бидат готови до петок (24 ноември) оваа недела, стои во известувањето за почетокот и рокот за подготовка на законите. Станува збор за сосема нов закон за следење на комуникациите, бидејќи во известувањето не е наведено дека ќе се […]

Копчето за прислушување најдобро е да го притиска ОТЦ, вели шефот на УБК

9 ноември 2017

Системот за следење на комуникациите треба да се дислоцира од Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), за да се укине монополот што Управата сега го има во овој процес, рече директорот на УБК, Горан Николовски на научно-стручната дебата „Безбедносни дијалози за процесот на трансформација на УБК и механизми за контрола на следењето на комуникациите“, што […]

Страна 1 од 6