fbpx

Јанева: Началникот на УБК денеска ќе се појави пред суд на сослушување

-

Првоосомничениот во случајот „Тврдина“, кој денеска на прес-конференција го образложи обвинителката во СЈО, Ленче Ристовска, инаку началник на УБК, во 13 часот ќе се појави во Основниот суд Скопје 1. Ова додека траеше прес-конференцијата го изјави Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

СЈО за првоосомничениот бара мерка притвор, а за останатите осомничени поблаги мерки на претпазливост, како што се одземање на патна исправа, ненапуштање на живеалиште и повремено јавување пред надлежен суд.

Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле средствата за незаконско следење на комуникациите.

Во истрагата осомничена е и поранешна министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска која се товари дека уништила опрема вредна 10 милиони евра.

Опремата била однесена во отпад и пресувана, а потоа чувана и набљудувана. Од таму остатоците биле транспортирани во друг отпад ги пресувале по втор пат, по што пак ги однеле на првиот отпад.

Како што објавија медиумите Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање.

СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата одбил ваквото барање. Исто така е одбиено и барањето за притвор на осомничениот.

Судот својата одлука ја образложи со тоа што СЈО нема доставено докази дека е надлежна за овој предмет.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...