fbpx

Министрите од ДУИ ги доставија оставките до премиерот Емил Димитриев

Министрите од ДУИ денеска ги доставуваат оставките до премиерот задолжен за организирање на избори, Емил Димитриев. Од партијата на Али Ахмети денеска не сакаат дополнително да коментираат и се повикуваат на синоќешното соопштение. Претседателството на Демократската унија за интеграција (ДУИ) вчера вечер во партиското седиште во Тетово...

Хан: ДИК има доволно време да го подготви избирачкиот список

Несомнено треба да има избори во Македонија, а Државната изборна комисија треба да го подготви избирачкиот список, за што сега би требало да има доволно време, изјави денеска еврокомесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во Драч, Албанија каде учествува на министерската конференција...

НБМ: И визата се важи како основа за отворање сметка во странство

На 25 февруари Народна банка донесе одлука за олеснување на начинот и условите под кои македонските граѓани можат да отвораат и да имаат сметки во странство. Економските аналитичари сметаат дека оваа одлуката на Народна банка фрла голем сомнеж, заради политичките околности во кои е донесена. Тие...

Изборите го одложија есктерното и ги поместија спортските турнири

Екстерното тестирање на учениците годинава се поместува за неколку дена подоцна, но тоа не е поради изборите, неофицијално велат за „Мета“ од министерството за образование, по реакцијата на наставниците и родителите дека тоа значи и продолжување на учебната година. - Тоа не значи дека се...

Амбасадата на САД твитна, ДУИ се предомисли и нема да гласа за измените на ЗКП

Демократската унија за интергарција (ДУИ) нема да гласа за измените на Законот за кривична постапка (ЗКП) ако не биде постигнат политички конзенсуз меѓу најголемите политички партии. Ова го најави потретседателот на Собранието Рафиз Алити со што се намалуваат шансите овие измени да се изгласаат...

Судот му одреди 30 дена притвор на Горан Грујовски, првоосомничениот во „Тврдина“

Кривичниот суд го прифати барањето на Специјалното јавно обвинителство (СЈО) и му одреди мерка притвор од 30 дена на првоосомничениот во случајот „Тврдина“, началникот на Петтата управа на УБК, Горан Грујовски, официјално потврди Основниот суд Скопје 1. „Судија на претходна постапка при Основниот суд Скопје...

Пресување, балирање, дробење: Како се уништувала опремата за прислушување во МВР

Незаконско формирање на комисија за попис, уништување на траги, конспиративно носење и уништување на опрема на отпади за старо железо, прикривања, фалсификување на документација, антидатирање на материјали во архивата на Министерството за внатрешни работи (МВР) се дел од работите што осомничените во случајот „Тврдина“...

СЈО отвори истрага „Тврдина“ за уништувањето на системот за незаконско прислушување во МВР

Специјалното јавно обвинителство денеска ја презентираше новата истрага со кодно име „Тврдина“. Како што изјави обвинителката Ленче Ристовска, во оваа истрага се вклучени петмина службени лица, началници во МВР, кои ја злоупотребиле својата службена положба со што во првата половина во 2015 година ги уништиле...

СЈО трага по началник на УБК

Специјалното јавно обвинителство трага по началникот на Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујоски, а се подготвуваат и обвиненија за шест лица кои се сомничат за кривично дело неовластено прислушување и тонско снимање. СЈО вчера побарало судски налог за претрес на домот на Грујоски, но судијата...

Весниците на „МПМ“ објавија текстови за СЈО потпишани од редакциите, а не од новинарите

Насловните текстови на трите весници на „МПМ“, „Дневник“, „Утрински весник“ и „Вест“ кои се однесуваат на прес-конференцијата на Специјалното јавно обвинителство денеска се објавени без да се наведат авторите на написите. Авторите се изоставени и во печатеното и во електронското издание, а текстовите се потпишани со...

Видеата од апсењето на Бошкоски исчезнаа од интернет

Видео-инсертите и текстовите од новинарските прилози за апсењето на Љубе Бошкоски на 6 јуни 2011 година, исчезнаа од интернет-страниците на телевизиите кои тогаш сензационалистички известуваа за настанот пред ресторанот „Воденица“. Вчера тимот на Катица Јанева соопшти дека отворила истражна постапка под името „Тортура“ против 7 лица...

Списокот со спорни гласачи ДИК го објави на интернет

Државната изборна комисија (ДИК) денеска го објави списокот на гласачи кои се проверуваат теренски по име презиме и адреса на живеење. Списокот е достапен на официјалната интернет страница. Доколку сакате да го преземете списокот кликнете тука. На вчерашната седница на ДИК со 5 гласа „за“ и 4 „против“...

Името Македонија причина за кавга меѓу власта и опозицијата во Грција

Ставот на грчкиот пратеник, Макис Балаурас дека не би имал проблем нашата држава да се вика и само Македонија, без географска одредница, го продлабочи јазот меѓу владата и опозицијата и ѝ даде дополнителен аргумент на Нова демократија за напад на СИРИЗА. Од десничарската партија...

Го апселе нечовечки за да му удоволат на Мијалков: Детали за „Тортура“ и „бомбата“ број 3

„Бескрупулозно“, „нечовечно“, „дискриминаторско“, „понижувачко“, „сурово“ се термините со кои обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи денеска го оквалификува апсењето на претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по изборите. Фетаи, пред да почне со...

Јанева очекува согласност од Аневски за да го преземе случајот „Маѓар Телеком“

Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева на денешната прес-конференција соопшти дека во текот на оваа недела ќе го преземе и случајот „Маѓар Телеком“, во кој поранешни високи државни функционери се осомничени дека примиле поткуп за да не дозволат влез на трет мобилен оператор во земјава...

Мијалков го наредил нечовечкото и брутално апсење на Бошкоски

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, е првоосомничениот во случајот „Тортура“, бидејќи ги организирал и ги навел останатите шестмина осомничени, инаку припадници на полициската едница „Алфа“, на нечовечки и брутален начин да го уапсат лидерот на партијата Обединети за...

„Тортура“, нова истражна постапка на Јанева за апсењето на Љубе Бошкоски

Катица Јанева, Специјалната јавна обвинителка, на денешната прес-конференција ја најави новата истражна постапка под кодно име „Тортура“. Како што објасни обвинителката Фатиме Фетаи, „Тортура“ се однесува на случајот со апсењето на претседателот на Обединети за Македонија, Љубе Бошкоски. Предложена е истражна постапка против 7 лица за...

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева. Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата. Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на...

Омбудсманот ги повика партиите да не го злоупотребуваат МВР

Народниот правобранител, Иџет Мемети оцени дека петочната полициска акција во Арачиново и Липково имала за цел да го заплаши населението и додаде дека вчерашната изјава на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски била конфузна, јавува „Алсат-М“. Според Мемети, неприфатливо е полициските акции да траат со...

Нови тензии на Идомени по лажна информација за отворање на границата

На Идомени владее тензија и вознемиреност поради шпекулациите дека денес ќе се отвори грчко-македонската граница. Иако од петокот кампот почна полека да се празни, од изутринава повторно доаѓаат нови луѓе. Илјадници бегалци од бегалските центри околу Солун тргнаа пеш кон Идомени со лажна информација...