fbpx

Јанева закажа прес-конференција во 11 часот – обвиненија, нови истраги или нешто трето

-

Специјалното јавно обвинителство денеска во 11 часот ќе одржи прес-конференција во просториите на СЈО, информираa утрово од кабинетот на специјалната обвинителка Катица Јанева.

Во соопштението на СЈО не е неведено на која тема ќе биде прес-конференцијата.

Специјалната обвинителка, минатата недела изјави дека ќе има проширување на истрагата за случајот „Титаник“, со нови осомничени.

Во случајот „Титаник“, СЈО на почетокот на февруари отвори истражна постапка за 10 лица, кои се товарат за изборни манипулации, меѓу кои и поранешните министри за транспорт и врски и за внатрешни работи, Миле Јанакиески и Горданата Јанкулоска, како и градоначалникот на општината Пустец во Албанија, Едмонд Темелко.

Јанева, во извештајот за нејзината шестмесечната работа, наведе дека во најскоро време ќе излезе со обвиненија за дел од случаите од незаконското прислушување, кои СЈО ги презеде во своја надлежност и за нив отвори истражни постапки.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...