вторник, 10 март, 2026
Meta.mk

Ознака: обвиненија | 66 резултати

Јовески и Јанева разговарале за одлуката на Врховен суд, СЈО ќе продолжи „да постапува“

31 јануари 2019

Јавниот обвинител на Република Македонија Љубомир Јовески денеска се сретнал со Специјалната јавна обвинителка, Катица Јанева, информираа преку заедничко соопштение двете обвинителства. Јовески и Јанева разговарале за одлуката донесена на вчерашната седница на Врховен суд дека СЈО не може да покрене обвинение или да нареди запирање на истражната постапка после 18 месеци од денот на […]

Врховен суд: СЈО не смеело да отвора истраги по рокот од 18 месеци

30 јануари 2019

Специјалното јавно обвинителство не смеело да отвора нови случаи по истекот на „рокот на траење“ од 18 месеци, заклучи Врховниот суд. На денешната општа седница Врховниот суд утврдил вакво начелно правно мислење, по иницијативите на адвокатите Боро Тасевски и Еленко Миланов. – Јавното обвинителство за гонење на кривични дела поврзани и кои произлегуваат од содржината […]

ИК на ВМРО-ДПМНЕ ги исклучи пратениците кои гласаа за уставни измени

20 октомври 2018

Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ (ИК) на вечерашната вонредна седница донесе одлука да ги исклучи од партијата седумте пратенци кои гласаа за измена на Уставот на Република Македонија заради имплементација на Договорот од Преспа, информираше лидерот на партијата Христијан Мицкоски на прес-конференција. – Оние седум пратенци од ВМРО-ДПМНЕ кои постапија спротивно на партискиот став и волјата […]

Фетаи: Ако има добра волја ќе се најде решение за подигање обвиненија и за новите истраги

30 декември 2017

Обвинителката на СЈО, Фатиме Фетаи во интервју за емисијата „360 степени“ на „Алсат-М“, изјави дека „несреќниот член 22“ од Законот за СЈО го ограничува ова обвинителство во овој момент да подига обвиненија, но, формално правно не го ограничува да отвора нови истраги. Таа најави дека е можно некои од отворените истраги, кога ќе стигнат до […]

Шпанскиот Врховен суд почна процес против каталонските законодавци

31 октомври 2017

Шпанскиот Врховен суд почна да го процесуира обвинението за бунт поднесено против претседателката на каталонскиот парламент, Кармен Форкадела, како и други високи законодавци од тој регион, соопшти денеска портпаролот на судот. Шпанскиот државен обвинител, Хозе Мануел Маса, како што беше најавено во понеделникот, го обвини поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, за побуна, измама и […]

Сашо Мијалков бил средно имотен, стои во обвиненијата на СЈО

26 септември 2017

Специјалното јавно обвинителство на својата нова интернет-страница ги објави обвинителните акти за сите 20 случаи што ги отвори, а кои се поврзани и кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Единствено, како што може да се види, не е објавена содржината на обвинението за случаите „Таргет“ и „Тврдина“. Во објавените обвиненија може се видат интересни моменти и […]

СЈО: Први јули не менува ништо, продолжуваме со истрагите

15 септември 2017

Специјалното јавно обвинителство денеска го објави четвртиот шестмесечен извештај за својата работа во периодот од 15 март до 15 септември оваа година. Според извештајот, она што е карактеристично и што го разликува од претходните е што во овој период се поднесени обвиненија за повеќето истраги што ги отвори СЈО. „Поднесени се вкупно 18 обвиненија за 19 […]

СЈО со нова интернет-страница ја најави двегодишнината од формирањето

12 септември 2017

Специјалното јавно обвинителство в петок полни две години од своето формирање, односно од донесувањето на Законот за СЈО и од изборот на Катица Јанева за специјална јавна обвинителка. Според Законот за СЈО, Јанева в петок треба да го објави четвртиот шестмесечен извештај за работата на обвинителството и да го достави до Собранието и до Советот […]

За Ердоган е скандалозно поднесувањето обвиненија во САД против неговите телохранители

1 септември 2017

Турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, денеска го оцени како „скандалозно“ поднесувањето обвинение во САД против неколку негови телохранители, обвинети за насилството во Вашингтон за време на неговата посета на градот. – Тоа е скандал. Тоа е скандалозна демонстрација на начинот на кој функционира американското правосудство – рече Ердоган. Вкупно 19 лица, вклучувајќи и 15 агенти на безбедносните […]

Стојаноски: СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави

23 јули 2017

Обвиненијата на СЈО за сите отворени случаи се без никакви докази, а за да се врши политички прогон на ВМРО-ДПМНЕ инспириран од СДС, изјави денеска Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ пред просториите на СЈО. – СЈО се обидуваше со пари да дојде до лажни изјави за да ги поткрепи монтираните случаи. Таму каде што не можеше да поткупи, […]

Апелација сè уште ги чека жалбите од СЈО

6 јули 2017

Во Апелацискиот суд Скопје досега не пристигнала ниту една од жалбите на Специјалното јавно обвинителство и на одбраната на обвинетите на одлуките на кривичните совети за одбиените барања на СЈО за притвори и за мерки за претпазливост, велат за „Мета“ од второстепениот суд. Инаку, СЈО и обвинетите првин ги доставуваат жалбите до Основниот суд Скопје […]

СЈО попладнево ќе ги поднесе првите жалби за одбиените притвори

4 јули 2017

Специјалното јавно обвинителство се очекува денеска попладне до Апелацискиот суд Скопје да ги поднесе првите жалби на одбиените барања за одредување мерка притвор на 18 лица, против кои минатата недела беа поднесени обвиненија, потврдија за „Мета“ од СЈО. Жалби на одлуките на првостепениот суд, СЈО ќе поднесува и во наредните денови, во согласност со роковите […]

Нè чека долга судска недела: Рокови, жалби, одлуки, претреси

3 јули 2017

Денеска Кривичниот суд во Скопје треба да ги соопшти и последните одлуки по барањата за притвори против функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, обвинети во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство. Станува збор за барањата за притвор на Никола Груевски, Мартин Протогер, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Кирил Божиновски. Одлуките, како што можеше да се […]

Мијалков остана без пасош, одлуките за притворите во „Титаник“ – утре

2 јули 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје 1 го отфрлија како неосновано и барањето на Специјалното јавно обвинителство за одредување мерка притвор за поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков, кој е првообвинет во случаите „Трагет“ и „Тврдина“, што СЈО ги спои во едно обвинение. Бараната мерка притвор, како што соопшти денеска […]

ВМРО-ДПМНЕ: СЈО е димната завеса за покривање на неспособноста на Владата

2 јули 2017

Специјалното јавно обвинителство е димната завеса за покривање на неспособноста на Владата и за штетните одлуки и договори за државата, се вели во редовното утринско соопштение на ВМРО-ДПМНЕ. „СJO има задача да води цел еден политички процес со единствената намера – елиминација на ВМРО, заради слабеење на државата. СЈО ја има задачата секогаш кога ќе биде […]

И Канческа-Милевска и Пешевски останаа без пасоши, засега нема притвори

1 јули 2017

Кривичните совети на Основниот суд Скопје ги одбија како неосновани барањата на Специјалното јавно обвинителство да им биде одредена мерка притвор на поранешната министерка за култура, Елизабета Канческа-Милевска и на поранешниот вицепремиер за економски прашања, Владимир Пешевски. На Канческа-Милевска и на Пешевски, кои се обвинети во случаите „Тендери“ и „Траекторија“ на СЈО, судот наместо притвор […]

ВМРО-ДПМНЕ апелира судот да не подлегнува на притисоци и на закани

1 јули 2017

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска упати апел до судот да не подлегнува, како што стои во соопштението, на притисоците и на заканите кои се вршат, а во врска со обвиненијата што ги поднесе Специјалното јавно обвинителство против високи функционери на партијата и поранешни министри, помеѓу кои е и лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер, Никола Груевски. Од […]

Јанева: Не гонам луѓе според имиња или функции, туку според докази

30 јуни 2017

„Би била многу среќна ако тие луѓе се невини и да се повлечат сите тужби против нив. Ако кој било има аргументи дека рaботам против поединци или слично, јавно нека го каже тоа“, изјави денеска специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, прашана за коментар на наводите од вчерашната прес-конференција на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Јанева, […]

Кривичниот суд бара уште време за судиите да одлучат за притворите на СЈО

30 јуни 2017

Кривичниот суд Скопје денеска попладне соопшти дека не може да каже колку време ќе трае процедурата, кога ќе заврши и кога ќе бидат соопштени одлуките по барањата на Специјалното јавно обвинителство за одредување притвор и мерки на претпазливост за лицата против кои вчера беа поднесени обвиненија. Од судот велат дека поради големиот број барања и […]

Возила го блокираа булеварот пред судот, продолжува протестот против обвиненијата на СЈО

30 јуни 2017

Неколку десетици граѓани денеска со своите автомобили го блокираа булеварот Гоце Делчев пред Кривичниот суд во Скопје, во знак на протест против обвиненијата што вчера ги поднесе Специјалното јавно обвинителство. До судот се поднесени и барања за одредување притвор на високи функционери на ВМРО-ДПМНЕ и поранешни министри, меѓу кои и за лидерот на партијата и […]

Страна 1 од 4