fbpx

Го апселе нечовечки за да му удоволат на Мијалков: Детали за „Тортура“ и „бомбата“ број 3

-

„Бескрупулозно“, „нечовечно“, „дискриминаторско“, „понижувачко“, „сурово“ се термините со кои обвинителката на Специјалното јавно обвинителство, Фатиме Фетаи денеска го оквалификува апсењето на претседателот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година, ден по изборите.

Фетаи, пред да почне со образложувањето на случајот посочи дека за разлика од „Титаник“ каде осомничените со „беспрекорна дисциплина дејствувале во насока јавноста да не дознае за манипулациите во избирачкиот список, а со тоа и во изборите и во самото гласање“, во „Тортура“ тие биле „живо заинтересирани целокупната јавност да ја види бескруполозноста на дел од полициските сили – алфи, во изведување на апсење на политички противник на партијата на власт, и која во тој период раководи со полицијата“.

Обвинителка се извини што јавноста изворно ќе ги чуе зборовите што ги користеле полицајците при апсењето на Бошкоски, но, потенцира дека тоа е единствениот начин да се изнесе поривот и мотивот кој ги следел полициските службеници во текот на акцијата, да го задоволат нарачателот (Сашо Мијалков н.з.):

На ден 6 јуни 2011 година, понеделник, поточно еден ден по завршување на парламентарните избори на кои најмногу пратенички места освои политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, првоосомничениот како службено лице – директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (Сашо Мијалков н.з.), поради дискриминација по основ на поинаква политичка определба, ги навел останатите осомничени, полициските службеници во единицата „Алфи“ да во вршењето на службата при лишување од слобода на осомничено лице-оштетениот Љубе Бошковски кај истиот да предизвикаат душевно страдање.

Првоосомничениот, по разработен оперативен план во МВР за лишување од слобода на лицето Љубе Бошковски, поради сомнение дека врши кривично дело злоупотреба на средствата за финансирање на изборната кампања, a заради одмазда спрема оштетениот поради политичките пораки кои му ги упатил на првоосомничениот во текот на изборната кампања, ги навел полициските службеници задолжени да го извршат лишувањето од слобода да за време на лишувањето кај оштетениот предизвикаат душевно страдање.

Моќта, и на функцијата, и воопшто општата претстава за личноста на Директорот на УБК произвела беспоговорно постапување на полициските службеници и сервилна покорност на неговите наредби, вклучително и на оние наредби како оваа, со која директно се напаѓа човековото достоинство…

Притоа второосомничениот, кој бил командант на единицата Алфи (Ивица Антевски – Пуки н.з.) со зборовите, „Легнете го на земја, на земја да се апси“, „Легни го доле, легни го доле“, издал наредба за начинот на реализација на апсењето, по што трето, четврто, петто, шесто и седмоосомничениот употребиле прекумерна физичка сила, насилно го легнале на земја, удирајќи го оштетениот Бошковски по нозете и држејќи го за рацете. Истите, го малтретирале, застрашувале и навредувале со зборовите “Шефот ми рече, шефот ми рече осум години затвор не ти бегаат“, „Нека лежи ѓубрето“, „Ајде сега нека лае против шефот“, „Пичка ти материна“, „Ти дојде моментот“, „Дојде моментот да се реванширам“, „Да ти ебам жената“ и други вулгарни зборови и пцовки спрема неговата мајка, сопруга и деца, а во тие моменти третоосомничениот му го ставил и пиштолот на левиот образ, упатувајќи му ги зборовите „бел ден да не видиш“.

Ова не било крајот. Веднаш потоа го ставиле пред полски тоалет со лицето кон вратата на тоалетот и во таа положба го држеле повеќе од половина час, со цел истиот да биде снимен од медиумите, кои биле известени за настанот. Според сево ова, не е тешко да се заклучи дека на оштетениот Љубе Бошковски му било предизвикано душевно страдање, директно му било понижено човечкото достоинство и личност и го дискриминирале по политичка основа.

Во прислушуваните разговори, односно во т.н. „трета бомба“, што ја објави СДСМ, минатата година, можеше да се слушне што зборуваат Сашо Мијалков, Драган Павловиќ – Латас (Главен уредник во телевизија „Сител“, Емил Стојменов (бизнисмен и сопственик на „Канал 5), Иво Котевски (поранешен помошник-министер за односи со јавност во МВР) и Гордана Јанкулоска (поранешна министерка за внатрешни работи) за апсењето на Бошкоски.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков и (ден по избори)
МИЈАЛКОВ: Ало началниче
ЛАТАС : Добро бе друг да ми каже дека после…..у п… м…
МИЈАЛКОВ: А бе ајде, ти дигам…ти вртам, не ми се јавуваш на телефон. И ти, па и тој дебелиот не се јавува.
ЛАТАС : У банка бев плаќав. Не, ја само што ми кажаа пет минути пред тебе.
МИЈАЛКОВ: Ама чекај малце. Ја бев у голема гужва знаеш и ова беше трка со време…
ЛАТАС : И сега стварно сега со стотче у кеш го фатиле?
МИЈАЛКОВ: Да, ги фрлил парите 100.000. Пет-шест…десет парчиња по 10.000.
ЛАТАС : Оф, оф, оф.
МИЈАЛКОВ: Лежеше таму едно пола саат на стомак, врзан на лисици. Дојдоа новинари го испосликаа, лом го направија, вриштел: Сашо Мијалков ме намести и солзи течеле.
ЛАТАС : Леле, леле, леле.
МИЈАЛКОВ: И викал, како ми го начука Сашо Мијалков. А врзан со лисици отпозади, као Штрос Кан.
ЛАТАС : А добро, чекај, што вика од каде му се тие 100.000?
МИЈАЛКОВ: Сега ќе ти кажам. Тоа ги зима за кампања, незаконски, незаконско финансирање на пари. Ова му е трет пат како ги зима. Ги има земено еднаш десет, еднаш дваесет и сега сто илјади. И тоа е кривично дело минимум пет години.
ЛАТАС : А чекај од каде ги зима?
МИЈАЛКОВ: Ги зима од човек.
ЛАТАС : Ама од странство?
МИЈАЛКОВ: Молим?
ЛАТАС : Од странство или од тука?
МИЈАЛКОВ: Тука бе тука, у Воденица.
ЛАТАС : А у Воденица, мене ми пишале на граница.
МИЈАЛКОВ: У Воденица бе, каква граница.
ЛАТАС : Ауу, па он многу се осилил.
МИЈАЛКОВ: А бе лежеше тука 40 минути бе, сите го гледаа бе.
ЛАТАС : Леле, леле, леле.
МИЈАЛКОВ: Па го вртеа со глаата према WC, со лисиците. Народ гледа.
ЛАТАС : Леле, леле, леле
МИЈАЛКОВ: Му ебав мајката, што да ти речам сега.
ЛАТАС : Нека јаде гомна сега.
МИЈАЛКОВ: …..А?
ЛАТАС : Сеа со Велија заедно ќе се дружат.
МИЈАЛКОВ:Со Велија ќе слават победа сега.
ЛАТАС : Да, да, да.
МИЈАЛКОВ: Осум години ќе му биде ова да знаеш.
ЛАТАС : Види 30 дена ќе помине со Велија, а после ќе видиме.
МИЈАЛКОВ: Какви бе триесет дена, не искача тој до издржување на казна, какви триесет дена што ти е на тебе.
ЛАТАС : Не, не зборот ми е со Велија ќе бидат минимум триесет дена заедно.
МИЈАЛКОВ: Не знам ја ќе му пуштам некој вака по, понадарен да го е.. унутра. Велија не може да го е.. добро. А?
ЛАТАС :….Ја мислам Јохан, ќе се расплаче Јохан кога ќе чуе. Од среќа мислам.
МИЈАЛКОВ: Така да. Што ти реков ја од понеделник почињам да апсам, ти реков ја?
ЛАТАС : Ееј, говедо едно, маме у пичка да го ебам. Стотче земал за кампања у кеш.
МИЈАЛКОВ: Ти реков ја, завршија изборите и утредента (извик).
ЛАТАС : А пази стотче земал за кампања која не ја ни плаќа, без пари му е.
МИЈАЛКОВ: Да, да, да тоа е тешка злоупотреба.
ЛАТАС : Значи, стотче .
МИЈАЛКОВ: Значи натоварен е со докази, со се, не може да мрдне, не го вади ни Господ.
ЛАТАС : А кој човек му ги дал, кој му дава пари?
МИЈАЛКОВ: Му дава човек тоа. Тоа е зашитен сведок не може да се збори за тоа.
ЛАТАС : Добро, добро.
МИЈАЛКОВ: Е така, ајде.
ЛАТАС : Ајде чао, чао.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков (ден на избори)
МИЈАЛКОВ: Јас мислам ќе изненадиме ние, да знаеш. Ме води некоја интуиција така, нејќам да зборам пред рука.
ЛАТАС : Мислам дека ќе биде ко што збориме. Ни изненадување на една, ни на друга страна. Педесет пратеника минимум во Македонија. Минимум ти зборам. Тоа е доволно.
Можеш со еден да коалицираш, можеш со друг, да земеш ЛДП ако земат пратеник за да појачаш, да личи, и 56-57 да бидат.
МИЈАЛКОВ: Ќе биде и боље, а тоа што ќе биде боље ќе ти кажам утре.
ЛАТАС : Добро.
МИЈАЛКОВ: Утре ќе правиме муабет и ќе ти кажам, ова што сум ти кажал сега на што сум мислел.
ЛАТАС : Ти види за ова во Охрид.
МИЈАЛКОВ: Ха ха ха.

Разговор помеѓу Драган Павловиќ-Латас и Сашо Мијалков (2)
ЛАТАС : Кажи началниче.
МИЈАЛКОВ: Ало?
ПАВЛОВИЌ-ЛАТАС : А?
МИЈАЛКОВ: Може и поубави слики да идат, слабо ми е да знаеш. На Канал 5 три пути боље, што е работата?
ЛАТАС : Не гледав на Канал 5.
МИЈАЛКОВ: Ајде ова треба да го продадеме јако, да му е.. мајката.
ЛАТАС : Види па пет дена ова ќе го вртиме, што јако.
МИЈАЛКОВ: А?
ЛАТАС : Па пет дена ова ќе го вртиме.
МИЈАЛКОВ: Има поубави, како лежи на земја, како…. Држи таму ти жити се.
ЛАТАС : Сега ќе и кажам. Ја сум утре, ја утре пак ќе го раскажувам, не се секирај.
МИЈАЛКОВ: Утре? Добро ама и за денеска знаеш. Ама добро денеска помина, ама за вечер може да се види нешто поубаво.
ЛАТАС : Ќе се јавам ја пак, ајде.
МИЈАЛКОВ: Добро, вечер ќе има изнесување од суд, внесување од суд. Али кога лежи доле, на улица лежи бе као говедо. А?
ЛАТАС : Кога го враќаат кај колата е добро да се слика и тоа.
МИЈАЛКОВ: А тоа сега ќе видам.
ЛАТАС : Ќе им кажам на овие сега таму.

Разговор помеѓу Емил Стојменов и Сашо Мијалков
МИЈАЛКОВ: Ја ветив една работа, дека ја од понеделник апсам.
СТОЈМЕНОВ: Видов ја, ама па ти не дочека…ти си у пичку матер, се смеевме.
МИЈАЛКОВ: Не можев да чекам јас. Тачно чекав 5-ти да пројде кампањата, да видиме кој е кој и од 6-ти си почињам со апсење.
СТОЈМЕНОВ: Не друже алал нека ти е ова за денеска. Јас се изненадив, ја не верував. Ја знам дека мене ми кажа ти, ама јас мислев дека од среда, од среќен ден. Ама ти од денеска, ептен онака.
МИЈАЛКОВ: Не, не, ја реков од понеделник почињам и нема. И тоа почнав од тој највака што е вака нај, најубав за апсење.
СТОЈМЕНОВ: Од фраерот, најубав да.
МИЈАЛКОВ: Од лепотанот.
СТОЈМЕНОВ: Од лепотанот, Шевенинген нека го види сега во Скопје, мамицата глупа.
МИЈАЛКОВ: Прати камери сега во суд таму.
СТОЈМЕНОВ: Добро.
МИЈАЛКОВ: Ќе го носат на суд.
СТОЈМЕНОВ: Добро.
МИЈАЛКОВ: Исто и пред Воденица можда имаш камера.
СТОЈМЕНОВ: Има, има. А бе гледавме во 5 саат.
МИЈАЛКОВ: Слушај!
СТОЈМЕНОВ: А?
МИЈАЛКОВ: Гледам овај, немој …Ќе си го пуштате оргинал како што си го снимале, немој да заматувате ова, она.
СТОЈМЕНОВ: Не бе, го пуштија во 5 саат со пиштолот и со тоа, јас ги гледав на Канал 5.
МИЈАЛКОВ: Е така да, да.
СТОЈМЕНОВ: Го видов, снимката е снимена.
МИЈАЛКОВ: Е ја само Канал 5 не видов, имав состанок во другата сала.
СТОЈМЕНОВ: Не бе друже.
МИЈАЛКОВ: Така ќе си оди, така?
СТОЈМЕНОВ: Така бе друже, така, што ти е на тебе бе, нели бе не го пуштивме…
МИЈАЛКОВ: Море све да му е…
СТОЈМЕНОВ: Него знаеш што уште ќеф да ми направиш, тој Љупчо да го уапсиш и тука веќе готово крај си ме…до крај…..
МИЈАЛКОВ: Ќе правиме муабет.
СТОЈМЕНОВ: Мамицата да му ја ебам. Ти добар ли си?
МИЈАЛКОВ: За овој ќеф ли ти е?
СТОЈМЕНОВ: Како не ми е кеф. А бе ние не го пуштивме една секунда, ја што јадев гомна цело време.
МИЈАЛКОВ: Али ова е добро, 5-ти завршува, на 6-ти апсење.
СТОЈМЕНОВ: Е така сигурно. Еден пријател тука сега вика кога ќе го види Шевенинген како Холидеј Ин ќе му се видело вика, ќе сака да се врати назад.
МИЈАЛКОВ: Охо сега во Шутка, ќе го јаде таму, ќе го е… наркомани.
СТОЈМЕНОВ: Нека го е.., што го еб… Јадеше гомна…
МИЈАЛКОВ: Наркомани, пошто он сака со нив многу да се дружи.
СТОЈМЕНОВ: Да, да многу фраер бил. Иначе знаеш што викаат Велија сабајле станал и прашал која дата сме, го лажеле дека било 4-ти, дека не е 6-ти.
МИЈАЛКОВ: Шо збориш, тоа виц ли е?
СТОЈМЕНОВ: Да бе да. И телевизијата како ми рече Брицо не се викала А1, него АШ 1, ме разбираш.
МИЈАЛКОВ: АПС 1, а? Еј што фора е тоа. Слушај сакав да те частам за денеска, ќе те викам ајде.
СТОЈМЕНОВ: Те чекам да се видиме ја и ти, и тие двете работи да си ги завршиме сега веќе.
МИЈАЛКОВ: Да, да двете работи да.
СТОЈМЕНОВ: Ајде, ајде. Ај чао.
МИЈАЛКОВ: Да.

Разговор помеѓу Гордана ЈАНКУЛОСКА и Мартин Протуѓер 
ПРОТОЃЕР: Еј Гоцо.
ЈАНКУЛОСКА: Што праиш бе?
ПРОТОЃЕР: Еве бе. Ти?
ЈАНКУЛОСКА: Еве и ја.
ПРОТОЃЕР: Што има?
ЈАНКУЛОСКА: Ништо бе. Ова ќе помине добро?
ПРОТОЃЕР: Кое? Да бе да.
ЈАНКУЛОСКА: Добро да прашам.
ПРОТОЃЕР: Кај нашиве добро, овие А1 ја ваделе жена му плачела, кај е маж ми, правна држава, нема каде да се обратам, монтирани случаи, Јохан, Соња.
ЈАНКУЛОСКА: Каква врска има Јохан, Соња?
ПРОТОЃЕР: Кубела коси. Добро е да кажете за што е знаеш.
ЈАНКУЛОСКА: Кажавме, кажавме.
ПРОТОЃЕР: Кажавте се?
ЈАНКУЛОСКА: Да, Иво имаше прес, ама сега заврши, знаеш пошо..
ПРОТОЃЕР: Што кажа на прес, што кажа?
ЈАНКУЛОСКА: Незаконско финансирање на кампања, во три наврати давани му се пари, еднаш десет, па дваесет, па сто илјади, фатен со парите. Тоа што може да се каже ама ептен, јас ги видов снимките нашиве што ги направиле ептен, кесиче од Зара и од кесичево стотки искачаат.
ПРОТОЃЕР: Дали ние можеме…?
ЈАНКУЛОСКА: Крцка кесичето, пуно со паричиња.
ПРОТОЃЕР: Чекај, дали ние можеме освен ова да, муабетот да го пуштиме?
ЈАНКУЛОСКА: Зависи во каква форма муабетот?
ПРОТОЃЕР: Да кажеме што било. Дознава Канал 5 дека тоа и тоа. Да го продаде името, да направи ова?
ЈАНКУЛОСКА: Ај да го чуваме тоа за од утре-задутре, да ја напишам пријавата денес, оти знаеш денес мораме да ја исфорсираме да имаме пријава за да нема простор за тензија, он кога ќе си влезе во Шутка друг е муабетот више кога е внатре.
ПРОТОЃЕР: Слушај, јас од утре му ги зимам сите комитети. Во рок од недела дена му ја распаѓам партијата, сите во цела држава.
ЈАНКУЛОСКА: Тоа е супер, ама треба да направиме Мартин и еден список, да ги сотреме.
ПРОТОЃЕР: Како да ги сотреме?
ЈАНКУЛОСКА: Па така, не може некој што душа ни вадел во кампањава плата да му даваме ние во институцииве. Еве кај мене на пример тие што му биле обезбедување, нема бе да работат во МВР. Нигде нема да работат.
ПРОТОЃЕР: Не, не, не, вака сега, на главните луѓе тие што ни беа највака, треба показна вежба. И више на Билјана, на Томче тие ги бркаме му кажав на овој, од денеска, на клоци.
ЈАНКУЛОСКА: Да, да, епа види овие што се џандарите од кај мене на пример му биле на листи на Љубе.
ПРОТОЃЕР: Значи тие луѓе најмногу што не плукале. Другите оние обичните што се завеани, од некои други, и знаеш некои имало…
ЈАНКУЛОСКА: Да де наше членство, што би рекол Б.Ц гревови го излажале. Ама Томче не може бе цела фамилија во ПИОМ да му работи, Билјана не може, не знам…
ПРОТОЃЕР: Тоа јас ќе го завршам.
ЈАНКУЛОСКА: Тие што му се, не знам оваа Наталија кај му работи, сите тие што му се вака најекспонирани треба вака да им се отчита лекција. И плус на комуњарите исто. Не може бе некој кај Рада у штаб вчера седи на прес, а да работи во институција државна. Е сега ја не ги знам кои се, ама претпоставувам дека. Треба една јака анализа, до формирње на нова Влада да ги исчистиме.
ПРОТОЃЕР: Дозволи.
ЈАНКУЛОСКА: Се претераа. Мислам душа ни извадија.

Разговор помеѓу Гордана ЈАНКУЛОСКА и Иво Котевски
ЈАНКУЛОСКА: Да?
КОТЕВСКИ: Ало, само да прашам зошто ептен нема време, а бараат и веснициве. Фотки?
ЈАНКУЛОСКА: Дај им бе.
КОТЕВСКИ: Имало на снимкиве некои, малку —- како што ми кажа, јас сега се качувам према канцеларија, понасилни, односно.
ЈАНКУЛОСКА: Па нека одбере поненасилни.
КОТЕВСКИ: Така и јас мислам. Легнување на асфалт може, ама Пуки или некој од другиве му бутале пиштол у уста.
ЈАНКУЛОСКА: Тие нека не ги даваат.
КОТЕВСКИ: А легнување на асфалт може така?
ЈАНКУЛОСКА: Да бе да.
КОТЕВСКИ: Тоа е културно што.
ЈАНКУЛОСКА: Да бе, и цело Скопје го виде.
КОТЕВСКИ: Да бе, па и Штрос Кан го апсеа со лисици. Овие морониве од А1 ме прашуваа за ова.
ЈАНКУЛОСКА: Ок, ај да гледам А1 сега, се договориме за ова.
КОТЕВСКИ: А Телма ме прашуваше за убиено дете на плоштад. Идиоти.
ЈАНКУЛОСКА: Ок, ајде, ајде чао.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...