fbpx

Нови тензии на Идомени по лажна информација за отворање на границата

-

На Идомени владее тензија и вознемиреност поради шпекулациите дека денес ќе се отвори грчко-македонската граница. Иако од петокот кампот почна полека да се празни, од изутринава повторно доаѓаат нови луѓе. Илјадници бегалци од бегалските центри околу Солун тргнаа пеш кон Идомени со лажна информација дека границите ќе бидат отворени и вознемирени дека информацијата не е точна, накиснати од дожд стојат гневно околу железничките пруги и оградата во кампот.

Грчката полиција предупредува дека се играат опасни игри со бегалците кои и онака со недели се измачени од лошите услови во кои живеат. Полиција од ноќеска е ставена на готовност да спречи потенцијален нов бунт и обид за нелегално да се помине границата. За случувањата била известена и македонската полиција и војска. Според информациите, непознати лица, за кои постои сомневање дека, или се дел од невладини, или анархистички организации, со помош на странски волонтери уште од саботата почнале да шират информација меѓу бегалците дека границите денес се отвораат. Сомнежите се дека на овој начин се подготвувал нов масовен нелегален премин и пренесување на бегалците преку незаштитените делови меѓу Македонија и Грција.

Во моментов грчката полиција се обидува да ги смири страстите околу границата и да избегне креирање на нови несакани инциденти меѓу луѓето кои и онака се во очајна состојба и при крајот на трпението поради ужасните услови во кои живеат со недели и чија надеж за подобар живот полека умира.

Сè уште е нејасно кој стои зад информацијата која се прошири и до бегалците во Атина и со која цел се прави тоа, ако се има предвид дека минатиот обид заврши со тројца загинати бегалци, многумина повредени и сите до еден вратени назад на грчка територија, измачени уште повеќе од претходно.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Шорткат“: Апликацијата ДИА како асистент на лицата со дијабетес

Во вечерашното издание на емисијата „Шорткат“ ги имаме Ѓорѓина Ристовска и Марио Мијатовиќ - млади иноватори кои ја креираа апликацијата ДИА, како асистент на лицата со дијабетес. Инспирирани од...