вторник, 19 мај, 2026
Meta.mk

Три пати повеќе ковид случаи во август во споредба со јули, вакцини сè уште нема

септември 11, 2024

Во текот на 2024 година, а заклучно со 8 септември, регистрирани се вкупно 1.503 заболени лица од ковид-19. Во август е регистрирано зголемување за 3,3 пати во однос на претходниот месец. Во првата недела од септември, пак, регистрирани се 111 заболени лица, информираат од Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Иако здравствените власти препорачуваат исклучиво вакцинација […]

Опаѓа бројот на дипломци, магистри и доктори што бараат работа

август 26, 2024

Се намалува бројот на високообразован кадар во земјата кој активно бара работа, покажува евиденцијата на Агенцијата за вработување на Северна Македонија (АВРСМ). Ако се направи споредба/анализа на невработеноста според степен на образование, за изминатите пет години, може да се забележи опаѓање на бројот на лица со високо образование кои бараат работа, а паѓа и бројот […]

За една декада речиси 9.000 столчиња во основните училишта останале празни

август 17, 2024

Во период од 10 години, во Македонија бројот на ученици во основното образование се намалил за дури 8.927 ученици. Во учебната 2013/2014 година имало 191.051 основец, а 10 години подоцна, оваа бројка изнесува 182.124. Нискиот наталитет, како и иселувањето од државата, се главните причини за ваквата состојба. Секоја учебна година, во училиштата се запишуваат сè […]

Истражување на „Галуп“: Македонците се втор најгневен народ во Европа

август 9, 2024

Македонските граѓани се на второто место на листата најгневен народ во Европа, покажува Глобалниот извештај за емоции на Галуп, aмериканска мултинационална аналитичка и советодавна компанија позната по анкетите на јавното мислење ширум светот.   Кога станува збор за гневот, на прво место во Европа е Турција, каде 34 отсто од жителите изразуваат одредена количина гнев […]

Солидарност во акција: 110 странци моментално се на помош во земјава за справување со пожарите

август 3, 2024

Солидарноста во акција, напиша денеска на социјалната мрежа X евроамбасадорот во земјава Дејвид Гир, потенцирајќи дека авиони, хеликоптери и теренци од Чешка, Германија, Словенија, Србија и Шведска им се придружуваат на партнерите во Северна Македонија, за да се борат против пожарите. Сето ова се прави преку т.н. ЕУ-механизам за цивилна заштита, односно сета помош што […]

[ИНФОГРАФИК] Во земјава има вкупно 52.316 студенти, благ пад на уписите

јули 8, 2024

Вкупно 52.316 студенти се запишани во академската 2023/2024 година на високообразовните установи во Северна Македонија, покажуваат најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС). Согласно извештајот, бројот на студенти во оваа академска година е помал за 2,8 отсто во споредба со запишаните студенти во претходната. Најголем дел од студентите – речиси 78 отсто, се запишале […]

„Имаше крвав поглед како во хорор филм“: По три пријави за семејно насилство дневно

јуни 27, 2024

Среда, 16.03.2022 година, 8 часот наутро. Невенчаниот сопруг, по претходна расправија, ја удира сопругата со бокс во левото око, а попладнето околу 16 часот насилно ја зема и ја носи на планина. На вратот ѝ става конец за да ја обеси, ја соблекува гола, а потоа се премислува – ја враќа назад дома и ѝ […]

Бројот на лица кои починале од насилна смрт минатата година најнизок во последните три децении

јуни 20, 2024

Бројот на починати од насилна смрт во 2023 година во земјава е намален за 15,2 отсто во однос на претходната година и изнесува 412 лица. Бројот на лица кои починале од насилна смрт, минатата година, всушност, е најмал во последните три децении, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика (ДЗС). Починатите од насилна смрт, во […]

Пратеници лани добивале и по 1.000 евра месечно за патни трошоци [инфографик]

мај 16, 2024

И по 1.000 евра месечно добивале пратеници од актуелниот пратенички состав за патни трошоци до своето место на живеење. Само минатата година, за патни трошоци на пратениците биле потрошени над 366 илјади евра (22.554.520 денари), покажуваат податоците кои Мета.мк ги доби користејќи го Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер. Најмногу пари за […]

(ИНФОГРАФИК) Мал одѕив на претседателските избори во општините со мнозинство албански гласачи

мај 8, 2024

Големи разлики се гледаат во одѕивот на граѓаните во некои општини на парламентарните и претседателските избори денеска. Во Изборната едница 6, но и во другите општини каде што доминира албанското гласачко тело, се забележува многу мала излезност и гласање за кандидатите за претседател на државата, за разлика од гласањето за пратеници. Но, тоа е и […]

Органите во состав на министерствата го рушат просекот на (не)транспарентност

март 23, 2024

Органите во состав се помалку транспарентни од самата Влада и министерствата, а тоа влијае за намалување на процентот на севкупното ниво на транспарентност во РСМ. Ова го покажува истражувањето на Фондацијата Метаморфозис „Процена на доброто владеење на извршната власт во Северна Македонија и во регионот преку Индексот на отвореност“, кое ја анализира отвореноста на институциите […]

АНАЛИЗА: Долговите на општините и јавните претпријатија – меѓу најзадолжените Тетово, Гостивар и Скопје

февруари 13, 2024

Град Скопје со доспеани, а неплатени, обврски во износ од 7,3 милиони евра, на крајот на 2023 година се најде меѓу најзадолжените. Во првите десет должници и натаму котираат Тетово и Гостивар. На новата должничка листа, со милионски долгови, се голем број јавни претпријатија формирани од државата, Град Скопје и од општините. Порталб.мк ги рангира […]

Тетово се труе од загадениот воздух, бројките се алармантни [инфографик]

февруари 12, 2024

Од минатата недела жителите на Тетово одново дишат многу загаден воздух. Бројките за загаденоста на воздухот го надминаа прагот на алармирање. Просечната вредност на ПМ 10 честичките од 1 до 7 февруари била 134,85 μg/m3, а просечната дневна вредност на ПМ10 не треба да надмине 50 микрограми на метар кубен. Просечната вредност на ПМ2,5 честички […]

(АНАЛИЗА) Внатрешниот долг на сите институции, општини, ЈП-а, здравство, образование, изнесува 408,1 милиони евра

февруари 7, 2024

Вкупниот долг на сите државни институции, јавното здравство, образованието, судството, социјалата, агенции, општини, јавни претпријатија, на крајот на 2023 година изнесувал 408,1 милиони евра. Најголеми доспеани, а неплатени обврски имаат јавните претпријатија на централно ниво и државните фирми, пишува Порталб.мк. Најголем дел од долгот или 91,3 милиони евра, е по основ на комуналии, транспорт, комуникации. […]

Македонска пошта не ги доставува податоците за вработените до Регистарот, Владата никогаш не реагирала

февруари 7, 2024

Поштата на Северна Македонија ниту една година не доставила податоци за своите вработени до Министерството за информатичко општество и администрација. Ова министерство е должно да го објави Регистарот на вработените во јавниот сектор, во кој секоја година се објавуваат податоците за бројот на вработени лица во институциите, нивната етничка припадност, половата застапеност и други карактеристики, […]

Индекс на перцепција на корупцијата: Кривичниот законик ја сопна Македонија [инфографик]

јануари 30, 2024

Северна Македонија е на 76. место со 42 поени од 180 држави според најновиот Индекс за перцепција на корупцијата. Земјата напредувала две места во споредба со извештајот за 2022 година. Сепак, и покрај напредокот, државата во најновиот извештај е означена како земја со сериозни проблеми со корупцијата. Во Извештајот се нотирани измените во Кривичниот законик, […]

Лани регистриран рекорден увоз на нови возила во земјава [инфографик]

јануари 27, 2024

Продажбата на возила во С.Македонија лани достигнала рекордни бројки во делот на новопроизведените автомобили, камиони и автобуси, а голем раст е забележан и кај увозот на половни возила, покажуваат податоците на Царинската управа на РСМ. Во 2023 година во земјава биле увезени вкупно 47.050 возила, при што 35.832 биле увезени на старо, додека 11.218 биле […]

Скопјани во декември се изнадишаа позагаден воздух во споредба со 2022 [инфографик]

јануари 18, 2024

Скопје го одбележа екстремно загаден воздух на крајот на 2023 година, а податоците од Државниот автоматски мониторинг систем на Министерството за животна средина и просторно планирање покажуваат дека квалитетот на воздухот во декември 2023 бил полош во споредба со истиот месец од 2022 година. Како и во сиот изминат период, квалитетот на воздухот минатиот месец […]

Македонците и Албанците на европското дно според коефициентот на интелигенција [мапа]

јануари 11, 2024

Населението на Северна Македонија и Албанија со најнисок просечен коефициент на интелигенција во Европа. Поразителните резултати што ги објави World Population Review покажуваат дека просечниот IQ на Македонците е 81,91, а заедно со нас на дното во Европа се жителите на Албанија со просечен коефициент на интелигенција од 81,75. Просечниот коефициент на интелигенција е објавен […]

Во Центар и Карпош 15 месеци се расипани инструментите што мерат ПМ-2,5 честички [инфографик]

декември 29, 2023

Веќе 15 месеци, од октомври минатата година, граѓаните на Скопје кои живеат во Центар и во Карпош воопшто немаат податоци за концентрациите на ПМ-2,5 честичките во воздухот што го дишат. Во екот на сезоната на најголемата загаденост, мерните станици на Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух во овие две општини втора година […]

Страна 2 од 26