понеделник, 18 мај, 2026
Meta.mk

Рекордни 62 милиони евра се наплатени годинава од патарините [инфографик]

декември 26, 2023

Од македонските патарини годинава се наплатени рекордни 62 милиони евра од страна на Јавното претпријатие за државни патишта. Овој резултат од работењето го спомена директорот на ова претпријатие Ејуп Рустеми во отчетот пред јавноста, во кој ги презентираше резултатите од работењето за годината што изминува. За период од три години, приходите од наплата на патарина […]

Барања за информации од јавен карактер: Отсуствува внатрешна процедура за одговор кај институциите

декември 24, 2023

Некои институции одговараат навреме, но други го чекаат последниот рок или ги игнорираат барањата за пристап до информации од јавен карактер, и покрај тоа што постојат казни согласно Законот за пристап до информации од јавен карактер. За да се избегне ваквата рашомонијада, неопходно е секоја институција да воведе внатрешни процедури за постапување по барањата за […]

За Центар и Карпош есенва нема податоци за загадениот воздух со ПМ-2.5 честички [инфографик]

декември 13, 2023

Есенва немаме податоци за присуството на опасните ПМ-2.5 честички за централните скопски општини Центар и Карпош. Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух на Министерството за животна средина и просторно планирање не дава целосни податоци за сите загадувачки супстанци за аерозагадувањето во Скопје, а кои го мерат инсталираните мерни станици. И покрај ова, […]

Кршењето на дигиталните права се шири како печурки по дожд, од Турција преку Балканот до Унгарија [инфографик]

декември 12, 2023

Во десет земји од Југоисточна Европа, за една година, поточно од септември 2022 до август 2023 година, регистрирани се 1.427 прекршувања на дигиталните права, покажа извештајот на Балканската мрежа за истражувачко новинарство (БИРН). Бројот на прекршоци е значително зголемен од претходната година. Косово е земјата со најмногу регистрирани прекршоци, додека Северна Македонија е на седмото […]

Дигитализацијата, единствена надеж за подобрување на институционалната транспарентност во извршната власт на РСМ

декември 8, 2023

Транспарентноста на институциите во Северна Македонија не е на посакуваното ниво според последните мерења на Индексот на отвореност на мрежата ACTION SEE, иако Владата на нашата земја во споредба со оние од регионот, според последните мерења, е подобро позиционирана. Во пракса, не се прави доволно за поголема институционална транспарентност, бидејќи честопати заложбите од страна на […]

Само осум воза предвидени со возниот ред за 2024, железницата во колапс [инфографик]

декември 8, 2023

Патнички возови догодина ќе нема од Скопје кон Кичево, Кочани и Табановци, а ќе нема ниту меѓународен железнички сообраќај од македонскиот главен град. Објавен е возниот ред на Железници на РСМ-Транспорт, а во него е впишано дека од скопската железничка станица ќе поаѓаат само по осум воза дневно кон Битола, Гевгелија и Велес. Кон останатите […]

Текот на настаните за двојното убиство: подготвено барањето за екстрадиција на Палевски, пријава има и за возачот

декември 7, 2023

Двојното убиство, на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, предизвика поплава од шпекулации и дезинформации. За само 12 дена (22 ноември – 3 декември) – период во кој се случија двете убиства и во кој на петмина осомничени им беше определен притвор, се размножија толку верзии за трагичниот настан што можат во сериозна […]

АНАЛИЗА: Буџетите зголемени на државните фондови за здравствено и пензиско осигурување

декември 5, 2023

Двата државни фондови – за здравствено и за пензиско осигурување во 2024 година ќе имаат поголеми буџети во однос на годинава, пишува Порталб.мк. Власта проектира зголемување на придонесите во фондовските каси во Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО) и Фондот за здравствено осигурување (ФЗО), но ќе растат и расходите – за пензии, за социјални бенефиции. […]

Честата промена на вработените и скептицизмот на граѓаните, пречка за развој на дигитализацијата и транспарентноста во РСМ

декември 5, 2023

Создавањето на Одделот за заштита на укажувачите на корупција, дигитализацијата на податоците од јавен интерес, како и задолжителното објавување на буџетите на општините и државните органи, се дел од резултатите од членството на Северна Македонија во иницијативата на Партнерство за отворена власт (ПОВ), иницијатива која вклучува 75 земји од целиот свет. Сепак, амбицијата за дигитализација […]

Интернет имаат 88% од македонските домаќинства, најмногу го користат за видеоповици и допишување [инфографик]

ноември 19, 2023

Вкупно 88 отсто од македонските домаќинства имале пристап на интернет од дома, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика за првото тримесечје од 2023 година. Видеоповици, учество во социјални мрежи и испраќање на инстант пораки, се активностите за кои интернетот во земјава бил користен најмногу. За десет години, бројот на домаќинства со пристап до интернет […]

Цените на храната не го ништат профитот на прехранбената индустрија [инфографик]

ноември 18, 2023

Холандски кашкавал во супермаркетите е поевтин од домашниот, исто како што увозното пиво е поевтино од македонските. Граѓаните кои секојдневно купуваат храна се прашуваат како е ова можно, а апсурдната ситуација продолжува и откако владата утврди „гарантирана цена“ за дел од прехранбените производи до крајот на 2023 година. Податоците кои ги анализираше Мета.мк покажуваат дека […]

АНАЛИЗА: Цените на млечните производи и на маслото со најголем пад на светскиот пазар – дома инфлацијата преполовена

ноември 14, 2023

Десетти месец по ред Светската организација за храна на месечно и на годишно ниво регистрира пад на цените на храната, кој на годишно ниво е најголем кај млечните производи и маслото за јадење, пишува Порталб.мк. Дома октомвриската инфлација на годишно ниво изнесува 3,5 отсто и е една од најниските стапки во изминатиот период. Што очекуваат економистите, […]

Извештај на ЕК: Невработеноста останува најголем проблем за младите [инфографик]

ноември 13, 2023

Според Извештајот на Европската Комисија за 2023 година за напредокот на Република Северна Македонија на нејзиниот пат кон европската интеграција, невработеноста е еден од најзначајните проблеми со кои се соочуваат младите во земјава. Порталб.мк го анализираше Извештајот кој констатира дека препораките од минатата година се делумно имплементирани и наведува дека „во наредната година особено треба […]

АНАЛИЗА: Побарувачката на станови забавува, дали цените ќе се намалат?

ноември 7, 2023

Над 2.000 евра за квадратен метар за нов стан во централното градско подрачје во метрополата. Цените на становите и годинава растеа но со забавено темпо во однос на лани, пишува Порталб.мк. На пазарот со недвижности веќе се регистрира тренд на забавена побарувачка на станови. Зголемена понуда, забавена побарувачка на станови „Контактирајте нè. Во централно подрачје на град […]

Ако се мери по тоа колку ѓубре правиме, Македонија веќе може да биде членка на ЕУ [инфографик]

октомври 25, 2023

Македонија може да стане полноправна членка на ЕУ, барем ако се земе во предвид критериумот за тоа колкаво количество на ѓубре создаваме на национално ниво. Земјава со 452 килограми создаден комунален отпад по глава на жител во 2021 година е конкурентна со европските земји и е блиска со просекот на ЕУ, каде истата година биле […]

АНАЛИЗА: Банките “пливаат” во профити, раст на нефункционалните кредити

октомври 18, 2023

Во првата половина од годинава банките “тријат раце”, профитот на ниво на банкарскиот сектор е зголемен за фантастични 35,3 отсто во споредба со истиот период лани. Од друга страна, овој раст на добивката не е засенет од растот на нефункционалните кредити на фирмите и на граѓаните. Само по основ на потрошувачки и на станбени кредити, […]

Државата од даноци големи пари добива, а малку вложува во животната средина [инфографик]

октомври 15, 2023

Институциите собираат даноци за животната средина, кои пак државата и општините премалку ги реинвестираат во заштита на водите, почвата, воздухот, шумите и во управувањето со отпадот. Во земјава во 2021 година биле платени даноци за животна средина во висина од 14.273,4 милиони денари или над 231,7 милиони евра, што е за 13,7 отсто повеќе во […]

За речиси 17 отсто пораснала бројката на плаќања со картички во земјава

октомври 10, 2023

Во второто тромесечје на годинава во однос на истиот период од 2022 година, плаќањето со картички за производи и услуги во земјава доживеало скок од 16,6 отсто, се наведува во најновиот статистички извештај на Народна банка. Раст е забележан и кај електронските плаќања, односно е-банкарството. Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјава […]

Учениците во Тетово се срамат да носат храна од дома, нутриционистите предупредуваат на опасностите од брзата храна

октомври 10, 2023

Учениците се срамат да носат храна подготвена дома, а во околината на училиштата во Тетово нема места каде се продава здрава храна. Според нутриционистката Енеса Несими, лошата исхрана, посебно во адолесценцијата, предизвикува дополнителни проблеми, меѓу кои се проблемите со здравјето на срцето, слабеење на крвта и губење на концентрацијата, пишува Порталб.мк. Основните и средните училишта […]

АНАЛИЗА: Општински буџети – најмногу се троши за плати, главен приход се трансферите

октомври 9, 2023

Општина Сарај со највисока стапка на реализација на приходите по основ на данок на имот во период од половина година. Дел од општините имаат позначајни приходи и од наплата на такси и надоместоци. Платите, придонесите и надоместоците се доминантна расходна ставка во општинските буџети, пишува Порталб.мк. Приходи и трошења на Струга, Тетово, Чаир, Сарај, Липково… […]

Страна 3 од 26