fbpx

АНАЛИЗА: Извршителите од граѓаните наплатиле 40,5 милиони евра за една година

Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра

-

Највисоки износи на долгови присилно се наплатени од фирмите, потоа од граѓаните, а на трето место е државата. Во исто време, компаниите биле и први на листата доверители кои успеале да наплатат највисок износ на побарувања од должниците, пишува Порталб.мк. Најновиот извештај за работата на извршителите покажува дека во 2022 година е наплатен рекорден износ на долг, повисок од 144 милиони евра, а само од граѓаните износ над 40 милиони евра.

Фирмите – први во должничкиот “круг” – тие се најголеми должници и доверители

Сумата што извршителите присилно ја наплатуваат се зголемува на годишно ниво. Минатата година, според Годишниот извештај за работата на Комората на извршители, бил наплатен рекорден износ на долг од фирми, граѓани и од државата во вкупен износ од 144,3 милиони евра. Ова е највисока наплатена сума на долг од 2006 година, кога започна присилната наплата на долгови преку извршителите. Само во однос на 2021, наплатениот долг е повисок за 14,3 милиони евра.

Минатата година биле доставени и рекордни 152.079 барања за извршување, но иако присилно наплатениот износ е рекордно највисок, интересно е дека степенот на реализација на примените барања изнесува 38,27% и тој е најнизок во последните години, што е показател дека се работи за барања за присилна наплата на високи износи. Највисока сума на долг е наплатена од фирмите, износ од 81,7 милиони евра, потоа од граѓаните 40,5 милиони евра, а на трето место е државата од која е наплатен долг во висина од скоро 23,5 милиони евра.


Во 2022 во споредба со 2021, наплатениот долг од граѓаните е зголемен за скоро 3,6 милиони евра, од фирмите за 7,7 милиони евра, а од државата присилно се наплатени 3,3 милиони евра повеќе во 2022.

Од друга страна, според структурата на доверителите, највисок износ од 116,6 милиони евра се “слеале” во стопанството, на второ место се граѓаните во чие име извршителите наплатиле 22,6 милиони евра, а на трето е државата која преку извршителите присилно наплатила скоро 6,5 милиони евра.

Според податоците од Годишниот извештај за работата на извршителите, анализирано по подрачја, најголем број на барања за извршување, или 64.305, имало во Основниот суд, Граѓанскиот суд и Основен кривичен суд – Скопје, следуваат основните судови Куманово, Крива Паланка и Кратово, вкупно 13.943, потоа во подрачјето што ги опфаќа основните судови во Велес, Гевгелија, Кавадарци и Неготино со вкупно 13.466 поднесени барања и на трето место со 12.284 примени барања се основните судови во Гостивар и Кичево. Најмногу реализирани барања за извршување од примените во 2022 година, или 15,7%, имало на подрачјето на Основниот суд Битола и Основниот суд Ресен, додека пак подрачјето на Основните судови Куманово, Крива Паланка и  Кратово имаат најмал процент на реализација на примени барања за извршување во 2022 година, односно 5,37%.

Минатата година во земјава функционирале 92 извршители во 11 подрачја на основните судови во земјава. 11 извршители ставиле “клуч” на врата, најголем дел по лично барање, четворица поради пензионирање, а една извршителка поради разрешување. Во истата анализирана година именувани се шест нови извршители.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Полицијата насилно го задуши про-палестинскиот протест на Универзитетот Калифорнија

Стотици полицајци влегоа на кампусот на Универзитетот Калифорнија (УКЛА) денес во обид да го расчистат про-палестинскиот протестен камп, кој вчера беше нападнат од израелски поддржувачи, пишува Гардијан. Се проценува дека...