fbpx

Анализа: Шесте најзадолжени општини имаат долг од 36 милиони евра, високо котира и Град Скопје

Вкупниот долг на само на шесте најзадолжени општини:- Тетово, Гостивар, Охрид, Делчево, Струга и Прилеп, во првиот квартал на годинава изнесувал речиси 36 милиони евра, што претставува повеќе од половина од вкупниот долг на сите општини во земјава

-

На новата должничка листа на 50 најзадолжени субјекти во земјава се наоѓаат шест големи општини и Град Скопје, а нивните обврски се бројат во милиони евра. Не само општините, големи суми на долгови пријавиле и јавни претпријатија основани од самите локални власти, пишува Порталб.мк. Новите податоци од Министерството за финансии за првиот квартал од годинава покажуваат дека вкупниот внатрешен долг на сите општини изнесува 64,1 милион евра.

Со највисок износ на доспеани, а неплатени обврски од општините, е Општина Тетово, која на новата должничка листа е рангирана на 7. место. Пријавениот долг на општината изнесува 14,1 милион евра. Долг од 5,8 милиони евра пријавило и Јавното комунално претпријатие „Тетово ЦО“ – Тетово. На територијата на оваа општина долг од 161.000 евра пријавил и Државниот универзитет Тетово, основно училиште, Тетовската гимназија, ЈП „Градски паркинг“ – Тетово.

Со износ на долг од 8 милиони евра, втора најзадолжена е Општина Гостивар, која на должничката листа е рангирана на високо 12-то место. Долг од 3,7 милиони евра пријавило и Јавното претпријатие „Комуналец“ – Гостивар. Доспеани, а неплатени обврски, на територијата на оваа општина имаат и Општа болница Гостивар, основни училишта, ЈП „Паркинзи и зеленило“, Основен суд Гостивар.

Трета најзадолжена е Општина Охрид, која е рангирана на 13. место. Таа пријавила доспеани, а неплатени обврски, во износ од 6,3 милион евра. Долг од 6 милиони евра пријавило и ЈП „Водовод“ – Охрид а на должничката листа од територијата на оваа општина се наоѓаат и Општа болница Охрид, ЈП „Комуналец“ Охрид.

Четврта најзадолжена е Општина Делчево, која на крајот на март пријавила доспеани, а неплатени обврски, во износ од скоро 3,1 милион евра. Долг од скоро 374.000 евра пријавило и ЈКП Брегалница. Според висината на долгот, оваа општина е рангирана на 26-то место на новата должничка листа што ја објави Министерството за финансии.

Општина Струга, со износ од 2,5 милион евра доспеани, а неплатени обврски на крајот на првиот економски квартал, е петта најзадолжена општина, рангирана на 32. место. Интересно е дека ЈП „Водовод и канализација“ Струга има повисок долг од самата општина. На крајот од март јавното претпријатие пријавило речиси 3,5 милион евра доспеани, а неплатени обврски. На територијата на оваа општина долг во износ од 1,9 милион евра има и Општа болница Струга, а на должничката листа се и ЈП „Водовод и канализација“ – Струга, Завод за нефрологија – Струга, повеќе од десет основни училишта, како и струшкиот затвор од отворен вид.

Во групата 50 најзадолжени е и Општина Прилеп, која се наоѓа на 49. позиција, со пријавени, а неплатени обврски во износ од 1,7 милион евра. На територијата на оваа општина, долг во износ од дури 2,1 милион евра пријавила Општа болница Прилеп, а неплатени сметки имаат и КПУ Затвор – Прилеп, ЈКП „Комуналец“ Прилеп.

Вкупниот долг на само на овие шест најзадолжени општини: Тетово, Гостивар, Охрид, Делчево, Струга и Прилеп, во првиот квартал на годинава изнесувал речиси 36 милиони евра, што претставува повеќе од половина од вкупниот долг на сите општини во земјава.

Долгови од речиси или над 1 милион евра имаат и општините: Арачиново – со речиси 1 милион евра, Ѓорче Петров со речиси 1,1 милион евра, Општина Липково 1,2 милион евра, Општина Дебар со речиси 1,3 милион евра долг, Општина Чаир со речиси 1,4 милион евра, Општина Сарај со долг од 1,4 милион евра, Општина Кичево со пријавени, а неплатени обврски во износ од скоро 1,5 милион евра и Општина Василево со 1,5 милион евра долг.

Град Скопје на крајот на март годинава пријавил доспеани, а неплатени обврски, во износ од речиси 3 милиони евра и според висината на долгот е рангиран на 28. место на новата должничка листа.

На новата листа на должници, како што објави „Порталб“ се наоѓаат 944 државни и локални институции, министерства, агенции, училишта, болници, јавни претпријатија, државни фирми а вкупниот внатрешен долг на крајот на март годинава достигна 441 милион евра, зголемен за 22,7 милион евра во однос на состојбата на крајот на декември лани.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Бесплатно демо за платформската игра „Бласфемос“

На Steam може да се симне бесплатно демо од играта Blasphemous. Станува збор за платформска игра за возрасни која функционира како Souls игра, а естетски наликува на старата добра...