fbpx

За речиси 17 отсто пораснала бројката на плаќања со картички во земјава

Растот на годишно ниво кај плаќањата со картички на физичките места во земјава во периодот март-мај годинава е за 16,6 отсто поголем од периодот март-мај 2022

-

Во второто тромесечје на годинава во однос на истиот период од 2022 година, плаќањето со картички за производи и услуги во земјава доживеало скок од 16,6 отсто, се наведува во најновиот статистички извештај на Народна банка.

Раст е забележан и кај електронските плаќања, односно е-банкарството.

Инфографик: Народна банка

Годишниот раст на употребата на платежните картички издадени во земјава е малку помал отколку вкупната бројка плаќања извршени со картички во земјава, и тој изнесува 13,9 отсто, додека вредноста на тие трансакции забележала раст од 12,5 отсто во второто тромесечје на оваа година во однос на истиот временски период лани.

Растот на годишно ниво кај плаќањата со картички на физичките места во земјава во периодот март-мај годинава е за 16,6 отсто поголем од периодот март-мај 2022. Во однос на плаќањето за производи и услуги строго на физички продажни места во земјава, тој изнесува точно 17 отсто повеќе во однос на второто тромесечје на минатата година, а растот на плаќањата со картички на виртуелните продажни места (на интернет) на субјекти во земјава, изнесува 11,9 отсто.

Инфографик: Народна банка

Плаќањата на граѓаните со платни налози во истиот период забележале висок годишен раст од 19,2 отсто кај вредноста и 4,8 отсто кај бројот на остварените трансакции, при видлива натамошна зголемена употреба на електронското банкарство. Имено, бројот на електронски иницираните платни налози (електронско банкарство) во вториот квартал од 2023 година забележал годишен раст од 14,2 отсто, што е повеќе за 5,7 п.п. од годишниот раст во вториот квартал од 2022 година (8,5 отсто).

Тренд на раст се забележува особено кај употребата на апликациите на мобилните телефони (апликации за електронско банкарство), и тоа за 23,3 отсто, во споредба со истиот период од 2022 година, а растот на употребата на компјутерите за електронско банкарство има послаб годишен раст, од 2,7 отсто.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Ако се знаеле грешките, тие требало да бидат исправени до изборите

Изјавата на потпретседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, иако искрена и можеби вистинита за тоа каде се лоцирани грешките во СДСМ за лошиот резултат, сепак е недоследна. И од аспект...