Петти јубилеј на Андерфест – обединување на авангардната култура

Овогодинешните изведувачи се Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар

извор: Underfest

Популарниот музичкиот фестивал Андерфест кој ја обединува андерграунд културата во Македонија, ќе се одржи по петти пат на 13 октомври во Младинскиот културен центар.

На овој јубилеј публиката ќе може да ужива во музика од алтернативнатарок, панк-рок, метал и хардкор сцената. Најавените бендови се веќе добро познати за јавноста и се очекува голем интерес за истите. 

Овогодишните изведувачи се Преку ред, Ред 18, Конспираси, Луфтанза, Пич Ваис и Последен удар.

Продажбата на карти е веќе започната и може се набават на овој линк.