fbpx

Вистиномер: Со измислена приказна се собираат лајкови на Фејсбук

Не е вистина дека девојката прикажана на фотографијата почнала да работи како докторка на 18 јули 2022 година, кога е објавен постот во кој се тврди дека „денеска е нејзиниот прв работен ден“. Не може да се утврди идентитетот и професијата на девојката, но сликата...

Ковачевски од Крушево: Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава

„Не постои сила што може да застане на патот на европскиот напредок на нашата држава. Продолжуваме одлучно по европскиот пат, бидејќи тоа е патот на иднината и патот на прогресот“, порача премиерот Димитар Ковачевски вчера во Крушево, во предвечерието на големиот национален празник 2...

За три дена 1.171 нов случај на ковид-19 и три починати лица во земјава

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во периодот од 29.07 до 31.07.2022 година направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78,...

Бугарија ќе оди на избори на 2 октомври, Радев го назначи Галаб Донев за технички премиер

Бугарскиот претседател Румен Радев денеска го распушти парламентот и распиша предвремени парламентарни избори што ќе се одржат на 2 октомври, јавува Бугарското национално радио. Радев го потпиша и указот за назначување на службена влада во Бугарија, на чело со Галаб Донев за технички премиер. Тој...

Почина поранешната министерка за надворешни работи Илинка Митрева

Почина поранешната министерка за надворешни работи, Илинка Митрева. Илинка Митрева беше поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и еднa од основачите на партијата. „Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици. Делото на...

АНАЛИЗА: “Колабирани” капитални инвестиции – во првото економско полугодие реализација од само 23 отсто

Ребалансираниот Буџет со намалена сума на капитални инвестиции козметички ќе ја подобри сликата со реализација на јавните инвестиции – но податоците пред усвојување на новиот прекроен Буџет покажуваат дека во првата половина од годинава од вкупната планирана сума со првиот Буџет се остварени само...

Тргнати се барикадите на северот на Косово, Борел ги повика Курти и Вучиќ во Брисел

Сите камиони ги напуштија барикадите кои вчера беа поставени на патот кон Брњак на северот на Косово и коловозот сега е прооден, објави Коссев.Инфо. Како што пренесе косовскиот портал од лице место, само еден камион сѐ уште стои  паркиран поради дефект. Вчера по состанокот со...

Вистиномер: Лажен попуст на Фејсбук нуди „нинтендо свич“ за 123 денари

Оваа објава на Фејсбук го користи името на ланецот продавници за ИТ опрема „Анхоч“ за да го привлече вниманието на корисниците. Но, нема никаква формална врска помеѓу оваа компанија и овие измамници, за што од „Анхоч“ излегоа со реакција и предупредување дека се работи...

Дизелот од утре поскапува за денар и половина, цените на бензините остануваат исти

Цената на Еуродизел (Д-Е V) од утре (2 август) се зголемува за денар и половина по литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, односно 95,5 денари по литар и 98 денари по литар, информираа денеска од Регулаторната комисија за...

Англија стана европски шампион во женски фудбал откако ја победи Германија во финалето

Англија ја победи Германија со резултат 2:1 во финалето на Европското првенство во фудбал за жени, со што ја освои својата прва голема титула, пренесува Јуроњуз. Клои Кели го постигна победничкиот гол по одбиената топка во второто полувреме од судиското продолжение, откако Германија не успеа...

Охрид и Струга преполни со туристи за Илинденските празници

Крајбрежјето на Охридското езеро за време на Илинденските празници и годинава е преполно со туристи. По две години пауза, во Охрид и Струга е забележливо присуството и на бројни странски туристи од Полска, Холандија, Романија, Србија, Бугарија, Косово и други земји, покрај домашните гости....

Косово го одложи спроведувањето на правилото за влез во земјата, но барикадите останаа

Косовската влада го одложи спроведувањето на реципрочните мерки за менување на српските регистарски таблички и издавање привремени документи за престој во Косово за српските граѓани за 30 дена. Сепак, овие мерки денес стапија на сила откако двата гранични пункта во Јариње и Берњак, на...

Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање

Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското...

Шпанија е силен поддржувач на Северна Македонија

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски вчера со највисоки државни почести го пречека премиерот на Кралството Шпанија, Педро Санчез Перез-Кастехон, кој дојде во прва официјална посета на земјава, информира владината прес-служба. Ковачевски истакна дека му е задоволство што е домаќин на првата посета на шпански премиер...

НАСА со критика кон Кина за неконтролираниот пад на ракета чии остатоци завршија на Земјата

Кинеската ракета „Лонг Марч 5Б“ вчера со неконтролиран пад се врати на Земјата, откако минатата недела (24 јули) се подигна во атмосферата. Претходно Кина не сподели информации околу тоа каде ќе слета ракетата и за тоа доби критика од американското министерство за одбрана. Откако се случи...

Вистиномер: Хеликоптерот што испушта оган не ги предизвикува шумските пожари туку помага да се запрат

Тврдењето во постот дека некој со хеликоптер намерно потпалува шумски пожари е неточно. Заклучокот е донесен паушално и ги измамува корисниците на социјалните мрежи. Хеликоптерот прикажан на видеото се користи за да се стопира понатамошното ширење на шумскиот пожар, односно за контролирано палење при...

Тешки гранатирања во јужниот град Миколаив, Зеленски нареди евакуација на населението од источен Доњецк

Украинскиот град Миколаив во текот на изминатата ноќ претрпе масивно бомбардирање од страна на рускиот окупатор, информираат од Украина, пренесе Би-би-си. Градоначалникот на градот го опишал како едно од најсилните гранатирања што воопшто се случиле. Покрај многу домови, хотел, спортски комплекс и две училишта, во...

Одбележување на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката во манастирот „Св. Прохор Пчински“

По осумнаесет години, претседателот Стево Пендаровски, по повод одбележувањето на 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, на 2 август 2022 година, вторник, ќе предводи државнo-црковна делегација во посета на манастирот „Св. Прохор Пчински“, каде е одржано првото заседание на Антифашистичкото собрание на народното...

Вистиномер: Не е точно дека директорот на СЗО е уапсен за злодела против човештвото

Не е вистина дека директорот на СЗО, Тедрос Адханом Гебрејсус бил уапсен на 24 јули 2022 година. Станува збор за напис од сатиричен веб-сајт. Поради непознати причини, авторот на постот што го рецензираме не го споменува фактот дека сајтот каде што е пласиран текстот...

Украинската армија тврди дека десетици Руси загинале во борбите во Херсон

Украинската војска утринава соопшти дека убила десетици руски војници и уништила две складишта со муниција во борбите во регионот Херсон, центарот на контраофанзивата на Киев на југот на земјата и клучната врска со линиите за снабдување на Москва, пренесе Ројтерс. Железничкиот сообраќај до Херсон преку...

Манипулација со снимка од инцидент во Киев на 9 Мај

Полицајци во Киев спречија пензионерка да положи цвеќе на споменик посветен на антифашистичката борба, но не заради некаков наводен неонацизам, кого сега некои им го припишуваат, туку затоа што...