Англија стана европски шампион во женски фудбал откако ја победи Германија во финалето

Фото: Rhett Lewis / Unsplash

Англија ја победи Германија со резултат 2:1 во финалето на Европското првенство во фудбал за жени, со што ја освои својата прва голема титула, пренесува Јуроњуз.

Клои Кели го постигна победничкиот гол по одбиената топка во второто полувреме од судиското продолжение, откако Германија не успеа да изведе чист корнер.

Натпреварот заврши со резултат од 1:1 по 90 минути на стадионот Вембли, откако Лина Магул од репрезентацијата на Германија го поништи голот на Ела Тун од Англија.

По последниот свиреж од судијата, фудбалерките на англиската репрезентација започнаа да играат и да ја пеат нивната химна „Свит Керолајн“.

Убавата атмосфера исцрта контраст кон минатогодишната атмосфера, кога машката фудбалска репрезентација загуби во финалето за Европското првенство од Италија на истиот стадион.

Турнирот го следеа повеќе од 87.000 луѓе, што е рекорд за посетеност за време на натпревар во женски фудбал во Европа и го надмина претходниот рекорд на посетеност на натпреварот меѓу Англија и Германија пред 13 години.

Тогаш Германија ја победи Англија со разлика од 6 наспроти 2. По две години од тоа, Англија воведе женска супер лига со што го подигна нивото на игра и професионалност во женскиот фудбал.

Тоа значеше и сѐ уште значи зголемена конкуренција за Германија, којашто како нација е пионер за женски фудбал, а сега се соочува со значителна конкуренција од страна на Англија, Шпанија и Франција.