fbpx

За три дена 1.171 нов случај на ковид-19 и три починати лица во земјава

-

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во периодот од 29.07 до 31.07.2022 година направени се 2.631 тестови, а регистриран е 1.171 нов случај на ковид-19, и тоа најмногу во: Скопје – 485, Битола – 87, Кавадарци – 78, Прилеп – 61, Куманово – 60 и Охрид – 51.

Од вкупниот број на позитивни случаи на ковид-19 (1.171), регистрирани се 275 реинфекции.

Регистрирани сe 1.390 оздравени пациенти од ковид-19 во изминативе три дена.

Во текот на изминатите 3 дена (29.07-31.07.2022) пријавени се 3 починати лица од: Скопје (75г, 80г и 83г). Сите лица се починати во болнички услови.

Досега во земјата се направени вкупно 2.118.638 тестирање на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 328.180, бројот на оздравени пациенти е 313.833, на починати е 9.373, а бројот на активни случаи на ковид-19 во моментов изнесува 4.974.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Учениците во Македонија од понеделник за првпат на пролетен распуст

Учениците од основните и средните училишта низ државата од понеделник, 29 април па до 6 мај, ќе бидат на пролетен распуст. Покрај пролетниот распуст кој годинава за првпат се воведе...