fbpx

Исплови првиот брод со украинско жито по руската инвазија, во Украина се гине од гранатирање

-

Првиот брод натоварен со украинско жито исплови од пристаништето во Одеса во правец кон Либан, јавува Гардијан. Товарниот брод кој плови под знамето на Сиера Леоне превезува 26.000 тони пченка, а украинските власти се надеваат дека прекинот на руската блокада за извоз на украинското жито ќе ѝ донесе на Украина прилив од најмалку една милијарда евра. Почетокот на извозот на житото следи десетина дена откако Русија и Украина потпишаа договор за деблокада на извозот.

Во меѓувреме, во изминатово деноноќие продолжи руското гранатирање на населени места во Украина и борбите на првите линии на фронтот. Украинските власти соопштија дека најмалку тројца цивили загинале, а 16 се повредени при гранатирањето на градови во Донецкиот регион, јавува Укринформ. Загинатите и повредени лица се од градовите Бахмут и Соледар.

Гардијан јавува дека синоќешното гранатирање на пристанишниот град Миколаив на југот на Украина било едно од најбруталните од почетокот на руската агресија во февруари. Најмалку двајца цивили загинаа, а тројца се повредени при руското гранатирање на две населби во градот изминатава ноќ. Покрај живеалишта, во нападите биле погодени и индустриски погони, школи и цивилна инфраструктура. Украинскиот магнат Олексиј Вадатурски загина во нападите, заедно со неговата жена. Тој беше основач на најголемата украинска компанија за житни култури „Нибулон“, а украинските власти соопштија дека неговиот дом бил намерна мета на напад.

Во Харкивскиот регион најмалку едно лице загина, а двајца се повредени при руското ракетирање на Салтивка, пренесува Гардијан. Изминатово деноноќие биле ракетирани и градовите Никопол и Марханец во регионот Днипропетровск, при што најмалку две лица биле повредени. Покрај домови, во гранатирањето биле погодени и други цивилни објекти, но и електропреносната мрежа во градовите, пишува Укринформ.

Британското Министерство за одбрана во најновиот извештај информира дека Русија пренесува значаен број од нејзините воени сили од Донбас во јужните делови на Украина. На линиите на фронтот, руските сили во Донбас имаат бавен и мал напредок во освојувањето на нови територии, а прегрупирањето на дел од нивните сили е поради тоа што Русија утврдила дека фронтот во Запорожје е ранлива област каде што е потребно засилување на нивните сили, пишува Гардијан. 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Потпишан законот за забрана на ТикТок во САД, доколку апликацијата не биде продадена

Американскиот претседател Џо Бајден денеска го потпиша законот со кој во САД се забранува апликацијата во кинеска сопственост ТикТок, доколку не се продаде на американска компанија во рок од...