fbpx

Вистиномер: Со измислена приказна се собираат лајкови на Фејсбук

-

Не е вистина дека девојката прикажана на фотографијата почнала да работи како докторка на 18 јули 2022 година, кога е објавен постот во кој се тврди дека „денеска е нејзиниот прв работен ден“. Не може да се утврди идентитетот и професијата на девојката, но сликата циркулира на интернет од 2020 година со истиот опис, ама со повеќе различни имиња на девојката, пишува Вистиномер.мк. 

 

Текстот подолу го пренесуваме во целост:

Рецензираме пост објавен на социјалната мрежа Фејсбук, кој има достигнато исклучителна виралност, иако споделената приказна во него не потекнува од Македонија и не може да се докаже дека личноста којашто се наоѓа на фотографијата навистина дипломирала медицина (како што се тврди во самиот пост), ниту пак, дека е Ромка (исто така тврдење во постот).

Во оваа објава која има виралност и голем број на интеракции, дури 3.500 коментари со честитки, 16.000 допаѓања и 37 споделувања, на самата фотографија на која се наоѓа лице во медицинска униформа со стетоскоп околу вратот, фотографирано можеби во болнички или амбулантски ходник, пишува:

Денес е мојот прв работен ден, од денес сум докторка. Завршив медицински факултет со 10-ка. Иако многумина се сомневаа во мене, бидејќи сум Ромка, јас напорно работев и го завршив во рокот.
Заслужува почит од сите нас

Од коментарите под објавата кои се полни со честитки, добри желби за понатамошната кариера, ставови дека националноста не е важна, бидејќи секој може да биде успешен, совети да биде човечна и да излекува голем број пациенти. Сите коментари се на македонски јазик, а впрочем и самата објава е на Фејсбук страница којашто таргетира и постојано објавува публика од македонското говорно подрачје, така што огромен дел од корисниците на социјалната мрежа имаат поверувано дека настанот се има случено во Македонија, иако тоа не е точно.

Понатаму, објавата е од 18 јули 2022 година, за кога во постот се тврди дека е „првиот работен ден на докторката“, но и ова не е вистина.  Фотографијата со непознатата девојка, се шири на интернет барем две години претходно, на различни јазици, што значи дека дури и да станува збор за медицинско лице, сепак, нејзиниот прв работен ден не е можно да е во јули 2022 година.

Така на пример, во 2020 и во 2021 година фотографијата со истата девојка и со истата приказна циркулира на социјалните мрежи, ама зависно од земјата, девојката еднаш е ,,Донка”, а другпат е ,,Алма”.

Принтскрин од објава на Фејсбук

Истата фотографија со истата приказна се раширила и во Грција.

Грчкиот сервис за проверка на факти „Елиника Хоаксес“, пишува дека станува збор за фотографија којашто ја користи техниката на „лајк фарминг“.

Станува збор за фотографија која не кореспондира со приказната, а идентитетот на девојката на сликата не може да се утврди, пишува „Елиника Хоаксес“.

„Вистиномер“ пак, истата фотографија ја пронајде на страница каде се продава облека на интернет.

Техниката што се употребува во овој конкретен пост, веќе е позната во дигиталниот свет и го носи името ,,лајк фарминг”. Владата на Австралија, преку својот центар за сајбер безбедност го опишува овој феномен на следниот начин:

Лајк фарминг претставува употреба на мрежен инженеринг, како соодветни приказни или фотографии, со кои се убедуваат голем број корисници на социјалната мрежа да ја лајкнат содржината. Многу од овие приказни се лажни и се дел од измама којашто подоцна се користи за да се заработат пари од изложеноста и големата виралност генерирана од големиот број на допаѓања (лајкови) и споделувања на страницата.

Постовите кои се користат во „лајк фарминг“, честопати се потпираат на емоциите на луѓето, односно им даваат емотивни причини да клинкат, да стиснат лајк и да споделат, како на пример, прекрасни неодоливи животни, болни деца, ветувања за голема награда и добивка или политички пораки.

Во случајот со постот што го рецензираме, се игра на картата на стереотипот дека Ромка која завршила медицински факултет со беспрекорен успех, во процесот на добивањето на нејзината медицинска титула се соочила со сомнежи во нејзините капацитети.

Како што пишува „ТајмсОпсервер“, дека иако постот со кој се прави обид за „лајк фарминг“ е иницијално безопасен, односно компетно фиктивен, кога измамникот ќе собере доволно лајкови и споделувања, може да го измени постот и да додаде во него нешто малициозно, како на пример линк до веб-сајт кој симнува вируси на нечиј уред.

Поради сите горенаведени факти оценуваме дека не е вистина дека девојката почнала да работи како докторка на 18 јули 2022 година, кога е објавен постот во кој се тврди дека „денеска е нејзиниот прв работен ден“. Не може да се утврди идентитетот и професијата на девојката, но сликата циркулира на интернет од 2020 година со истиот опис, ама со повеќе различни имиња на девојката.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Поради предизборни митинзи, утре и во недела изменет режим на сообраќај во Скопје

Поради одржување на митинзи од изборната кампања за претседателските избори, овој викенд ќе биде воведен изменет режим на сообраќај во Скопје, информираше попладнево Министерството за внатрешни работи (МВР). Поради партиски...