fbpx

АНАЛИЗА: “Колабирани” капитални инвестиции – во првото економско полугодие реализација од само 23 отсто

-

Ребалансираниот Буџет со намалена сума на капитални инвестиции козметички ќе ја подобри сликата со реализација на јавните инвестиции – но податоците пред усвојување на новиот прекроен Буџет покажуваат дека во првата половина од годинава од вкупната планирана сума со првиот Буџет се остварени само 23 отсто од планираните јавни инвестиции – клучни за економскиот развој, пишува Порталб.

Долга листа на институции со минимално потрошени пари за капитални расходи…

Со ребаланс на Буџетот годинава Владата предвиде капитални расходи во висина од 520,4 милиони евра, што е за 16 отсто помалку во однос на првичниот Буџет во кој беше проектиран износ повисок од 600 милиони евра. Податоците за реализација на јавните инвестиции за период од шест месеци се алармантни – остварени само 22,9 отсто.

“Порталб” објавува кои институции колку пари потрошиле за развој.

И натаму има институции со минимална реализација, пониска од 10 отсто, а во нив спаѓаат: Собранието, кое од вкупниот Буџет од 1,9 милиони евра за капитални инвестиции реализирало само 5,2 отсто, Државниот завод за ревизија е со реализација од 9,1 проценти, Оперативно-техничката Агенција со буџет за капитални расходи во висина од 4,1 милион евра реализирала само 4,9 отсто, Секретаријатот за европски прашања од скоро 300.000 евра потрошил само 2,5%, Државното правобранителство од планираните 19.000 евра потрошило само 9,9%, Инспекцискиот совет иако имал на располагање скоро 1 милион евра, за половина година реализирале само 4,7% од оваа сума, Агенцијата за примена на јазикот со буџет за капитални расходи во износ од 135.000 евра потрошила само 1,2%. Во оваа група со остварување пониско од 10 отсто се и: Дирекцијата за заштита и спасување, Управата за извршување санкции, Инспекторат за употреба на јазици, Државен инспекторат за труд, МАНУ, ПИОМ.

Но, има и институции и агенции кои за шест месеци не потрошиле ниту денар од сумата планирана за јавни инвестиции, односно се со нула реализација, но поголем дел од нив се институции кои имале на располагање и пониски суми за капитални расходи, а тоа се: Агенција за управување со одземен имот, Совет за управување и надзор на ревизијата,  Државниот инспекторат за техничка инспекција, Државниот инспекторат за животна средина, Државен комунален инспекторат, Биро за судски вештачења, додека Агенцијата за вработување реализирала само 0,9 отсто, а Управата за јавни приходи 0,3 отсто од првично планираниот износ за капитални инвестиции.

Над 70 отсто од средствата за јавни инвестции биле потрошени од страна на Владата – 76,1%, Секретаријат за законодавство има реализација од 88,1%, Државниот завод за индустриска сопственост релизирал 84,3%, Агенција за иселеништво 98,1%, Државен инспекторат за локална самоуправа 91,4%, а Државниот инспекторат за градежништво е со реализација од 98,3%.

И дел од министерствата “со лазачко” темпо на остварување на јавните инвестиции…

Анализата на податоците за реализација на капиталните инвестиции кои се под менаџмент на министерствата покажува дека и клучни ресори, под чија капа се значајни инфраструктурни проекти, за половина година имаат алармантни резултати.

Така, на пример, Министерството за транспорт и врски, кое со првичниот Буџет имаше на располагање дури 170 милиони евра, во првото полугодие од годинава од оваа сума потрошило само 5,9 отсто. Ниска реализација има и Министерството за локална самоуправа, но овој ресор со првичниот Буџет имаше на располагање значајно понизок износ за капитални инвестции од само 336.000 евра.

Министерството за земјоделство за кое првично беа планирани 9,2 милиони евра, за половина година потрошило 37,5 отсто. Пониска реализација од само 12,7 проценти има во Министерството за труд и социјална политика, Министерство за образование со 19,4 отсто, додека Министерство за здравство со буџет за развој во износ од 20,1 милион евра потрошило 12,7 проценти.

                       Реализација капитални инвестиции (јануари-јуни)

Министерство за локална самоуправа                             4,3%

Министерство за транспорт и врски                                 5,9%

Министерство за култура                                                 9,0%

Министерство за одбрана                                                9,1%

МНР                                                                               11,9%

Министерство за труд                                                     12,7%

Министерство за здравство                                             12,7%

Министерство за животна средина                                  13,8%

Министерство за образование                                         19,4%

МИОА                                                                               19,9%

Министерство за земјоделство                                        37,5%

МВР                                                                                 42,7%

МФ- функции на држава                                                  53,6%

Министерство за економија                                             76,2%

На крајот од јули остварувањето на капиталните инвестиции е нешто над 30%.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Без ниту еден доказ се обвинува НАТО, ИСИС и Ал Каеда за петкратното убиство на Смилковско Езеро

Во објавата што ја рецензираме произволно се тврди дека ЦИА ја креирале Ал Каеда и ИСИС и дека НАТО стои зад масакрот на Смилковско Езеро. За ова не се...