fbpx

Тешки гранатирања во јужниот град Миколаив, Зеленски нареди евакуација на населението од источен Доњецк

-

Украинскиот град Миколаив во текот на изминатата ноќ претрпе масивно бомбардирање од страна на рускиот окупатор, информираат од Украина, пренесе Би-би-си.

Градоначалникот на градот го опишал како едно од најсилните гранатирања што воопшто се случиле. Покрај многу домови, хотел, спортски комплекс и две училишта, во нападот има и загинати.

Јужниот град Миколаив се наоѓа на главниот пат кон главното украинско пристаниште, Одеса. Градот веќе неколку пати беше гранатиран.

Во меѓувреме, Русија ги откажа традиционалните прослави за Денот на морнарицата во, како што пишува во извештајот од Украина, окупираниот Крим.

Гувернерот на Севастопол, Михаил Развозаев како причина за откажувањето го посочи надводниот напад од страна на украинско беспилотно летало врз седиштето на Црноморската флота што подолго време е позиционирана во Севастопол.

Украинскиот функционер Серхи Брачук ја отфрли изјавата на гувернерот Развозаев и изјави дека „ослободувањето на нашиот Крим ќе се случи на поинаков и многу поефикасен начин“.

По вчерашното вечерно обраќање, претседателот на Украина, Володимир Зеленски му нареди на цивилното население што сѐ уште живее во делови од источен Доњецк да се евакуира, поради како што рече ситуацијата со интензивните борби што се водат во тој регион.

„Што повеќе луѓе го напуштат Доњецк сега, толку помалку луѓе руската армија ќе има време да убие. Ние ќе ги искористиме сите можни опции за да спасиме што повеќе животи и да го лимитираме рускиот терор што е можно поскоро“, изјави Зеленски.

Во моментов руската војска контролира големи делови од Доџецк, а регионот за време на овој воен конфликт претрпе низа тешки воени судири меѓу армиите на двете држави.

Ова не е прв пат украинските власти да побараат од жителите д аги напуштет своите родни места. Според статистиките, во окупираниот дел на Доњецк сѐ уште живеат околу 200.000 до 220.000 жители.

Соопштението за евакуација што пристигна од владата го предупреди населението дека претстојната зима може да ги влоши работите, особено за децата.
„Мора да ги евакуираме, не можеме да ги ставиме во животна опасност во зима без греење, сструја и без можност воопшто да се стоплат“, изјавија од Министерството за реинтеграција на привремено окупираните територии.

Интервенцијата на Зеленски доаѓа откако Русија ги повика ОН и Црвениот Крст да ја истражат смртта на 50 украински воени заробеници во друг дел од Доњецк, кој е под контрола на сепаратистите поддржани од руската војска.

Војниците биле убиени во неразјаснети околности во напад на затворот во Оленивка, за кој двете страни се обвинија меѓусебно.

За ова од Црвениот крст на нивниот Твитер профил напишаа дека сепак и покрај „јавно побараната“ посета од нивна страна, руските војници не ги пуштиле да влезат внатре.

„Нашето барање за пристап до заробениците од казнената установа „Оленивка“ не беше исполнето. Давањето пристап на Цревниот крст до заробениците е обврска на двете страни во конфликтот според Женевските конвенции“, пишува во твитот.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Со предност од над 140.000 гласови, Силјановска во втор круг оди со Пендаровски

За разлика од претседателските избори во 2019, кога разликата во гласовите меѓу Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова изнесуваше околу 4.000 гласови, на денешниот прв круг од претседателските избори,...