Фото: Порталб.мк, Суад Бајрами

Цената на Еуродизел (Д-Е V) од утре (2 август) се зголемува за денар и половина по литар, додека цените на бензините Еуросупер БС-95 и Еуросупер БС-98 остануваат исти, односно 95,5 денари по литар и 98 денари по литар, информираа денеска од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија.

Дизелот од ноќеска на бензинските пумпи низ земјава ќе се продава по цена од 95,50 денари за литар.

Цената на Екстра лесното масло од ноќеска, односно утре се намалува за половина денар по литар и ќе изнесува 94 денари по литар.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 0,503 денари по килограм и од утре ќе изнесува 53,343 ден/кг.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,484 отсто.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,344 отсто, кај дизелот зголемување за 1,336 отсто, кај екстра лесното масло намалување за 0,95 отсто и кај мазутот зголемување за 1,137 отсто.

Напишете коментар

Внесете го вашиот коментар
Please enter your name here