fbpx

Тргнати се барикадите на северот на Косово, Борел ги повика Курти и Вучиќ во Брисел

-

Сите камиони ги напуштија барикадите кои вчера беа поставени на патот кон Брњак на северот на Косово и коловозот сега е прооден, објави Коссев.Инфо.

Како што пренесе косовскиот портал од лице место, само еден камион сѐ уште стои  паркиран поради дефект. Вчера по состанокот со претставници на меѓународната заедница и американскиот амбасадор Џефри Ховениер, косовската Влада за еден месец ја одложи примената на новите реципрочни мерки за промена на српските регистарски таблички на автомобилите и за издавање на посебни декларациски листови за српските граѓани при влез во Косово.

Косовскиот премиер Албин Курти се согласи со тоа, со предуслов да се отстранат сите барикади и да се врати целосната слобода на движење.

Шефот на дипломатијата на Европската унија, Жозеп Борел, ја поздрави одлуката на Владата на Косово да ги одложи мерките и ги покани премиерот на Косово, Албин Курти и претседателот на Србија, Александар Вучиќ на средба во Брисел, пренесе Клан.ал.

Откако вчера група локални Срби, за кои полицијата соопшти дека се раководени од криминални групи, ги поставија барикадите, во четири наврати имало истрели кон полициските единици, а во еден случај се слушнала и детонација

Мисијата на НАТО КФОР, синоќа соопшти дека безбедносната ситуација на северот на Косово е тензична и дека тие будно ја следат ситуацијата и во согласност со нивниот мандат се „подготвени да интервенираат доколку е загрозена стабилноста“.

„НАТО, исто така, продолжува целосно да го поддржува процесот на нормализација меѓу Приштина и Белград преку дијалогот олеснет од ЕУ и ги повикува сите страни да продолжат со преговорите“ соопштија од НАТО, додавајќи дека КФОР ќе ги преземе сите неопходни мерки за да осигура безбедна средина и слобода на движење за сите луѓе во Косово во рамките на својот маднат.

Косово го одложи спроведувањето на правилото за влез во земјата, но барикадите останаа

 

Министерот за внатрешни работи Џељаљ Свечла денеска соопшти дека продолжува издавањето документи за влез и излез, освен на граничните пунктови Јариње и Берњак и досега се издадени 1.501 документ.

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

„Донбас. Вчера, денес, утре“ – документарец во најдобрата пропагандна традиција на Кремљ

Руската амбасада деновиве го сподели на Фејсбук документарецот „Донбас. Вчера, денес, утре“ (2021), во кој се користи една честа манипулација, а тоа е правење збрка во редоследот на настаните, за...