Вранишковски излегува од затвор

Расчинетиот владика Јован Вранишковски ќе биде ослободен на Водици, 19 јануари. Скопскиот кривичен суд експресно издал решение на барањето на затворот, и доколку никој не жали, Вранишковски ќе биде слободен за 9 дена бидејќи ги исполнува сите законски услови, односно од пет и пол годишната...

Уставните измени добија зелено светло од Комисијата

Комисијата за уставни прашања денеска даде зелено светло за уставните измени. Членовите на комисијата гласаа за дефинирање на бракот само како заедница меѓу еден маж и една жена, основање на меѓународни финансиски зони, Народната банка да се преименува во Централна банка на РМ, во фискалната...

Двајца убиени и 20 ранети во Дамартин

Неофицијално, две лица се убиени, а најмалку 20 се ранети во нападот на печатницата во која влегоа двајцата браќа што се осомничени дека во средата го извршија нападот на „Шарли ебдо“. Полицијата ја опколи печатница и се обидува да ги натера осомничените да се предадат. Таа преговара...

Состанок на кризниот штаб за новиот снежен бран

Состанок на Координативното тело денеска се одржа во Министерството за транспорт и врски по најавите за нов снежен бран што ќе ја зафати територијата на Македонија. Според прогнозите на УХМР, нов снежен бран ќе ја зафати територијата на Македонија в недела попладне и в понеделник, но...

Во тек е потера по осомничените за масакрот во „Шарли ебдо“ (директно)

Истрели од огнено оружје се регистрирани во близина на парискиот аеродром „Шарл де Гол“ за време на автомобилската полициска потера по двајцата осомничени за масакрот во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“. Како што јавуваат француските медиуми, осомничените, наводно, успеале да заземат печатница, во која има повеќе...

Денеска второ читање на законот за образование во Собранието

Собраниската комисијата за образование, наука и спорт денеска на второ читање треба да го разгледа предлог-законот за високо образование. Седницата беше закажана за вчера, но поради можни нови предлози за законот, беше презакажана за денеска. Комисијата на дневниот ред има седум предлог-закони на второ читање:...

ЗНМ и МАН: Кукавички напад врз слободата на изразување

Здружението на новинари на Македонија и Македонската асоцијација на новинари изразуваат сочувство до семејствата на новинарите кои вчера во Париз загинаа во терористичкиот напад на неделникот „Шарли ебдо“. „Во овие тажни моменти, изразуваме сочувство на семејствата на настраданите и се солидаризираме со целиот француски народ....

Нова престрелка во Париз, повредени двајца полицајци

Двајца полицајци утринава се застрелани во Париз откако вооружен маж во Порт де Шатион отвори оган, обидувајќи да побегне кон метро-станицата. Како што јавуваат француските медиуми, инцидентот се случил околу осум часот утрото, во близина на метро-станицата. Засега не се знае дали престрелката е поврзана со вчерашниот...

Бан Ки-мун, Обама и Ватикан го осудија нападот во Франција, ИД го пофали

Осуди за терористичкиот напад што се случи денеска во Франција во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој загинаа 12 луѓе, пристигнуваат од сите страни на светот. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун го оцени нападот како ужасно и бесчувствително злосторство кое со ништо не може...

„Професорски пленум“ бара да се повлечат измените на Законот за високо образование

Иницијативата „Професорски пленум“ денеска објави соопштение во кое се вели дека имаат само една сугестија до Владата за измените на Законот за високо образование (државниот испит), а тоа е тие веднаш да бидат повлечени. „Почитуван Премиер на Република Македонија, Професорскиот пленум со особено задоволство Ви...

Груевски: Ако има суштински аргумент, ќе го повлечеме законот

„Законот не е донесен. Првата фаза е помината, има втора фаза, има можност за амандмани. Ништо не е завршено. Ние сме подготвени да го повлечеме, па повторно да го пуштиме законот во коригирана форма. Меѓутоа, треба да слушнеме суштински аргумент за тоа“, рече премиерот Никола...

Груевски: Ве поканивме за да аргументирате, а не за да одложите

Дебатата за законот за високо образование почна во Собранието на Република Македонија, но во неа не учествуваат професорите од „Професорски пленум“ и членовите на „Студентски пленум“. Претходно, по барање на професорите, премиерот Никола Груевски ја префрли дебатата од хотелот „Александар палас“ во Собранието на Република Македонија. Премиерот...

Дебатата почна во Собранието, професорите одбија да учествуваат

Дебатата за законот за високо образование почна во Собранието на Република Македонија, но на неа не учествуваат професорите од „Професорски пленум“ и студентите. Претходно, по барање на професорите, премиерот Никола Груевски ја префрли дебатата од хотелот „Александар палас“ во Собранието на Република Македонија. Инаку, додека Ванковска...

„Професорски пленум“ нема да присуствува на дебатата во „Александар палас“

Претставниците на „Професорски пленум“ нема да учествуваат на дебатата што Министерството за образование ја организира денеска во хотелот „Александар палас“. Тие на својот фејсбук-профил објавија соопштение во кое се вели дека „Професорски пленум“, составен од речиси петстотина професори од различни универзитети, не сака да му даде...

„Професорски пленум“ објави десет најлоши чекори на Владата за образованието

„Професорски пленум“ денеска на својата фејсбук-страница објави табела насловена „Десет најлоши чекори на Владата на Груевски кои го урнисаа квалитетот на високото образование во Македонија“.

„Професорски пленум“ бара ректорот Стојковски да не оди на средба со министерот за образование

Професорите собрани во „Професорски пленум“ му упатија отворено писмо на ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“. Писмото ви го пренесуваме во целост: „Почитуван ректоре, проф. д-р Велимир Стојковски, Дозволете најнапред да Ви ја честитаме Новата година и да Ви посакаме среќа и успех, Вам и...

Адеми в понеделник ќе се сретне со професорите

Покана до ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Велимир Стојковски, за средба в понеделник во хотелот „Александар палас“, денеска упати министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми. „Водејќи се од принципите на транспарентност и на отвореност, како дел од дебатата за реформите што се спроведуваат...

Ако не сте добиле К15, пријавете во Државниот инспекторат за труд!

Два дена поминаа по рокот до кога приватните компании имаа обврска да им исплатат регрес за годишен одмор на своите вработени. Некои К15 исплатиле во текот на минатата година, но многумина чекаа да чукне и последниот час од годината. Имаше и такви фирми кои...

Грчката левица разединета оди на избори

Најголемата грчка опозициска партија СИРИЗА не постигна договор за соработка и за заеднички настап на изборите со Демократска левица. Иако ставот на Демократска левица на изборите за претседател и константното барање за распишување предвремени избори наведуваа на сомневање дека веќе постои некаков тивок договор...

Италијанските власти спасуваат имигранти од бородот „Езадин“

Италијанските воздухопловни сили спроведуваат акција за спасување на неколку стотоци имигранти од трговскиот брод без екипаж кој трговците со луѓе го оставиле во Медитеранот. Еден од имигрантите од бродот „Езадин“, кој плови под знамето на Сиера Леоне, испратил порака во која вели дека бродот...

„Собирам пари за УКИМ“ – уметничка акција за истакнување на проблемите на студентите

Студентите кои денеска ги запишуваа своите трети, петти и седми семестри на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ (УКИМ) налетаа на необична глетка - предмети како монитори, книги, јакни и...