fbpx

Бан Ки-мун, Обама и Ватикан го осудија нападот во Франција, ИД го пофали

-

Осуди за терористичкиот напад што се случи денеска во Франција во сатиричниот неделник „Шарли ебдо“ во кој загинаа 12 луѓе, пристигнуваат од сите страни на светот. Генералниот секретар на ООН, Бан Ки-мун го оцени нападот како ужасно и бесчувствително злосторство кое со ништо не може да се оправда.

– Тоа е злосторство врз слободата на говорот и слободата на медиумите, двата столба на демократијата – рече Бан.
Американскиот претседател Барак Обама, канадскиот премиер Стивен Харпер и Ватикан исто така го осудија нападот, во кој загинаа четворица од водечките карикатуристи на неделникот меѓу кои и главиот уредник Стефан Шарб.
Обама го осуди нападот и и понуди на Франција помош за изведување на одгорните пред лицето на правдата.

– Франција е најстариот сојузник на САД и стои рамо до рамо со нас во борбата против терористите, кои претставуваат закана за нашата безбедност и за безбедноста на светот – истакна американскиот претседател.

– Канада е згрозена од овој варварски терористички акт – изјави канадскиот премиер Харпер.

Ватикан остро го осуди нападот кој портпаролот на Светата стоица Чиро Бенедитини го нарече „грозоморен“.

-Тоа е напад не само врз луѓето, туку и врз слободата на медиумите – додаде тој.

Претседателот на Парламентарното собрание на Советот на Европа, Ен Брасер, најостро го осуди нападот.
-Длабоко сум шокирана од овој терористчки акт – нагласи таа.

Во меѓувреме припадник на џихадистичката организацијата Исламска држава го пофали нападот врз францускиот сатиричен неделник и изјави дека тоа е одмазда за навредите кон исламот.

– Лавовите на исламот се одмаздија за нашиот пророк. Ова се нашите лавови.  Тоа е прв чекор, а следат уште. Крстоносците нека се уплашат затоа што и треба да се плашат – изјави Абу Мусаб, Сириец кој се бори во редовите на ИД.

Мусаб додал дека тој и неговите соборци се среќни поради денешниот напад.

Во денешниот напад врз редакцијата на неделникот загинаа најмалку 12 лица, од кои десет новинари и тоа е најсмртоносниот напад во историјата на француските печатени медиуми.

 

Нашите вести во вашето сандаче

Секој ден во 17 ч. добивајте ги вестите од Новинската агенција Мета директно на вашата електронска адреса.

Ве молиме одберете на кој начин сакате да добивате информации од нас:
Можете да се отпишете од оваа листа преку линкот на крајот од нашите пораки.

Може да се раскине кој било договор, прашање е цената

Ванковска делумно точно оценила дека раскинувањето на договорите со Бугарија и Грција „е лесно“ и „малку потешко“. Но, нејзината проценка колку лесно или колку тешко се раскинуваат билатералните и...